АЛКАЛОИД СО ДОНАЦИЈА ЗА КИНОТЕКА

Деновиве Кинотеката доби донација од Алкалоид АД Скопје во форма на средства за одржување хигиена. Во време на засилени мерки кои налагаат стриктно следење, меѓу друтото, и на протоколите за хигиена и дезинфекција, овој наш домашен фармако-хемиски гигант не заборави на институцијата која се грижи за нашето национално аудиовизулено наследство.

Алкалоид и Кинотеката се стари пријатели. Нашата инсититуиција во изминативе години повеќепати има добино донации од Алакалоид во форма на производи или финансиски средства наменети за организација на проекции, настани и промоции. Оваа последна донација ќе придонесе за одржување на просториите на Кинотеката, во исчекување на летното кино на што забрзано работиме, и за успешно намалување на опасноста од пандемијата што не’ натера да се прилагодиме на поинаков начин на работа и комуникација со граѓаните и кинотечната публика.