КОНКУРС ЗА ФИЛМОВИ НА СЕДМИОТ „БАЛКАН ПАНОРАМА ФИЛМ ФЕСТИВАЛ“

Седмото издание на филмскиот фестивал „Балкан панорама“ (Balkan Panorama Film Festival), што ќе се одржи во Буча-Измир од 27 септември до 3 октомври 2021, ги повикува заинтересираните филмски творци да аплицираат со нивните филмови за официјалната и пратечката програма

Аплицирањето е бесплатно, и може да се реализира ОВДЕ. Рокот за аплицирање е 23 мај 2021.

Филмските автори можат да аплицираат за „Балкан панорама“ од следниве земји (според алфабетски редослед): Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Италија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција.

На Балканскиот филмски фестивал можат да конкурираат долгометражни и краткометражни играни и документарни филмови кои се занимаваат со истражувањето како индивидуалците и заедниците се справуваат со предизвиците на денешниот свет.

„Балкан панорама“ е водечки турски фестивал на балканскиот филм, чиј домаќин е општината Буча во Измир.Фестивалот има за цел да (о)стане срцето на балканската и турската кинематографија.Фестивалот е фокусиран  напродукцијата на играни и документарни филмски филмови одТурција, Балканот и поширокиот регион. Тоа е место за средби на филмаџиитекои сакаат да дебатираат за главните проблеми со кои се соочуваат при креирањето на нивните играни и документарни дела и своевиден форум за комуникацијата меѓу филмските професионалци со ентузијастичката публика.