Психолошката драма МИМИ, вториот игран филм на Даријан Пејовски, предизвика голем интерес кај публиката.

Затоа Кинотеката резервираше дополнителни три проекции на филмот во рамки на јануарската програма: МИМИ ќе биде прикажан на 18, 20 и 21 јануари со почеток во 20:00 ч.
МИМИ по премиерата на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје забележа учество и на филмските фестивали во Пула, Братислава и Херцег Нови.

Го гледаме МИМИ во Кинотеката…
МИМИ
(Mimi)
Игран филм, С. Македонија / Хрватска / Црна Гора
2002, 100 мин., колор, ДЦП
Режијa: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)
Сценарио: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)
Улоги: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Владимир Петровиќ (Natalija Teodosieva, Tamara Ristoska, Oliver Mitkovski, Petar Mirchevski, Sashko Kocev, Vladimir Pterovikj)
МИМИ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите.
Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.
Оваа копродукција е втор игран филм на режисерот Пејовски, а својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажуван на филмските фестивали во Пула, Братислава и Херцег Нови.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 100 денари
