Како учесник во проектот „Мобилна евтина дигитализација на винтиџ филмови-МобиРеел“ од програмата ЕРАСМУС+, порджан од европската унија, Кинотека на Македонија испрати информативен маил до педесетина локални културни институции. Во маилот беа вклучени информации за резултатите и продуктите од проектот поткрепени со линкови до веб платформата, јутјуб каналот и фејсбук страната на самиот проект. Истотака беше закачен и информативниот флаер кој Кинотека на Македонија го креираше за потребите на проектот. Флаерот накратко ги содржи главните цели на проектот и резултатите кои произлегоа од овој проект. За повеќе информации околу проектот посететеја веб платформата : mobireel.eu
Преземи флаер: МобиРеел флаер


