ОМАЖ: ДИМИТРИЕ ОСМАНЛИ 1927-2006-2022

На денешен ден, 13 март 2006, пред пред 16 години почина Димитрие Османли (Битола, 29.5.1927 – Скопје, 13.03.2006), филмски, театарски и телевизиски режисер, сценарист и педагог. Првите контакти со филмот и кинематографијата ги остварува со помош на Милтон Манаки, балканскиот филмски пионер.

Филмска и театарска режија завршува 1952/53 година на Високата филмска школа во Белград, како прв македонски студент, а постдипломски студии 1961/62 година на Институтот за високи кинематографски студии во Париз. Долги години работи како театарски, телевизиски и филмски режисер. Исто така бил и професор на Факултетот за драмски уметности, каде што предавал актерска игра и има изведено четири генерации млади актери. Покрај четирите играни филмови, има снимено околу петнаесетина документарни филмови и повеќе од дваесет телевизиски остварувања.

Османли е режисер на првата комедија во македонската кинематографија МИРНО ЛЕТО (1961). На полето на театарската уметност, неговиот придонес е исто така значаен, има режирано преку триесет и пет театарски претстави низ театрите во Македонија. Автор е и на две книги на снимање кои се публикувани: ЕКСЕЛЕНЦИИ МИРНО и АНГЕЛИ НА ОТПАД.

Награди: 1965 ФЈДКФ, Белград Прва награда за режија / „Дванаесетте од Папрадник“ 1965 Сојуз на филмските работници на Југославија, Плакета по повод 20 годишнината на југословенскиот филм 1966 Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда за повеќегодишна кинематографска творечка дејност 1968 Награда 13 НОЕМВРИ / „Мементо“ 1973 Повелба за континуирано филмско документирање на обновата и изградбата на Скопје од Собранието на град Скопје 1979 Орден на трудот со златен венец за филмска и театарска творечка дејност 1985 Награда 11 ОКТОМВРИ за животно дело 1986 Орден на трудот со црвено знаме за успешна творечка и педагошка дејност 1987 Институт за филм-Белград, Плакета „Во крупен план“ / по повод 35 години работа 1990 ФФ „Браќа Манаки“, Битола, Голема златна плакета за афирмација на фестивалот 1990 ФФ „Браќа Манаки“, Битола, Специјална Диплома од Кинотеката на Македонија за ревитализација на документарниот филмски фонд од браќата Манаки 1995 Друштво на филмските работници на Македонија, Плакета „100 години светски филм и 90 години филм во Македонија“.

Пред две години во чест на првата филмска комедија на македонски јазик Кинотеката го именуваше летното кино „Мирно лето“. Минатата години, по повод 60 години од снимањето на МИРНО ЛЕТО, Кинотеката дигитално го реставрираше филмот, а годинава го издаде на блуреј диск.

МИРНО ЛЕТО повторно ќе биде на програмата на Кинотеката во април.

Филмографија:

1956Филмски репортер бр. 1 ( Режија )
1956Филмски репортер бр. 4 ( Режија )
1956Пролетни надежи ( Сценарио )
1956Распламтени факли ( Режија, Сценарио)
1956Прва изложба на југословенскиот тутун ( Режија, Сценарио )
1957Малиот човек ( Асистент на режија )
1957Бунт на куклите ( Режија )
1959Виза на злото ( Асистент на режија )
1961Мирно лето ( Режија )
1962Афион ( Режија)
1963Културно богатство во урнатини ( Режија, Сценарио )
1963Школите и универзитетот во скопската катастрофа ( Режија, Сценарио )
1963Девојките од Мали ( Режија )
1963За нови достигања ( Режија, Сценарио )
1964Скопски репортер бр. 4 ( Режија )
1964Скопски репортер бр. 6 ( Режија )
1964Кеј 13 Ноември ( Режија, Сценарио )
1965Дванаесетте од Папрадник ( Режија, Сценарио )

1966: Првиот сограѓанин 0 помош на Полска за Скопје (Режија) документарен, Филмске новости Белград
1967Мементо ( Режија, Сценарио )
1971Жед ( Режија )
1995Ангели на отпад ( Режија )