ПРЕМИЕРА НА КРАТКИОТ ИГРАН ФИЛМ „ДРУГАРОТ“

Во Кинотеката на Македонија премиерно беше прикажан краткиот игран филм ДРУГАРОТ, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец.

Режисерот на ДРУГАРОТ Димитар Оровчанец

Поднасловен како „Краток филм за револуцијата и нејзините деца“, ДРУГАРОТ на Оровчанец е сторија за преиспитувањето на идеолошкото минато на главниот јунак, кој го толкува ветеранот Петар Арсовски. Во другите улоги настапуваат Ѓорѓи Нешковски, Ангела Димитрова и Касија Георгиева.

Гостите на премиерата беа пречекани од хостеси облечени како Титови пионерки

Мотото на ДРУГАРОТ гласи „Од смртта ќе куртулиш само ако ја заборавиш“. Продуценти на филмот се „Самојлик филм продукција“, „Трис филмс“ и „Диверс филм продукција“, а филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.