ПРОГРАМА ОКТОМВРИ 2025

1 ОКТОМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

ФЕСТИВАЛ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ

РЕПОРТАЖИ ОД „ФИЛМСКИ НОВОСТИ“ ОД БЕЛГРАД (1953-1955)

Една од основните дејности на Кинотеката, поточно на Одделението за прибирање, заштита, обработка и чување на филмови и филмски материјали, односно на Филмскиот архив при Кинотеката – е токму прибирањето филмови и придружни филмски материјали кои се поврзани со Македонија. Кинотекатa редоследно и претходната 2024 година набави 37 репортажи од „Филмски новости“ од Белград, снимени во периодот меѓу 1953-1955 година во времетраење од 76 минити. Некои од овие кратки црно-бели репортажи се без тон или имаат нарација на српски јазик и одлично ја отсликуваат атмосферата на животот во тогашна Македонија, со теми кои ги опфаќаат индустриските, културните, спортските и туристичките сегменти во земјата и пошироко. Така, ќе бидат прикажани репортажи за изградба и развој на индустриски капацитети, порцелански комбинат – Велес, текстилна фабрика ,,Борис Кидрич”- Битола, фабрика за хромни производи и феролегури – Тетово, трафостаница во Скопје, фабрика за автобуси „11 Октомври“, скијачко и падобранско првенство и други спортски настани, изложба на ликовните уметници, од активностите на Фолклорниот институт, археолошко откритие во Демир Капија, заштита на икони во црквата Св. Спас, прослави на годишнини, промоција на првите лекари во Скопје, одржување на Петти скопски саем, училиште во село Бојанчиште и друго.

Покрај журналите, од Филмске новости набавен е и краткометражниот игран филм „Се случи во Скопје“ (1964), во сценарио и режија на Ото Денеш, а во продукција на Филмске новости – Белград. Филмот е комплетен, српски титли, англиска верзија, во времетраење од 26 минути и 19 секунди. Во фокусот на филмот е катастрофата која засекогаш ќе го промени ликот и животот на Скопје. Невена на железничката станица во Скопје го пречекува Арне Холм, кој подарил монтажна куќа на настраданото скопско семејство и доаѓа во посета на новоизграденото Скопје.

 

ФИЛМСКИ АРХИВ ЧЕШКИ НОВОСТИ

РИЛСКИ МАНАСТИР (ФРАГМЕНТИ ОД СЕМЕЈНИОТ ФИЛМСКИ ФОНД НА ПРОКОП МАКС)

ПАТУВАЊЕ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА ЧЕХОСЛОВАЧКА ВО КРАЛСТВОТО НА СРБИТЕ, ХРВАТИТЕ И СЛОВЕНЦИТЕ ВО 1926 ГОДИНА

ЈУГОСЛАВИЈА (ДОКУМЕНТАРНИ СНИМКИ ОД ГРАДОВИТЕ БЕЛГРАД, ЗАГРЕБ, СКОПЈЕ И СПЛИТ, 1926).

Кинотеката, пред неколку години започна со истражување, идентификација, пронаоѓање и прибирање филмови и филмски материјали кои се однесуваат или се снимени во Македонија, до крајот на Втората светска војна, со цел збогатување на збирките, фондовите на кинотека и нивно зачувување.

Како резултат на овие истражувања, во 2023 година, од АЈ Филмскиот музеј од Амстердам, Кинотеката доби 4 наслови, а минатата 2024 година, од Народниот филмски архив од Прага, доби 3 наслови: „Патување на делегацијата на Народното собрание на Република Чехословачка во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците од 2-ри до 12-ти октомври 1926 г.“ (документарни снимки од посетaта на пратеници од Народното собрание нa Чехословачка) и „Југославија“ (документарни снимки од градовите Белград, Загреб, Скопје и Сплит, 1926).

Истражувањето продолжува и годинава сме во интензивна преписка со францускиот филмски архив, CNC (Centre national du Cinéma) од Париз и со Архивот на француската армија, ECPAD (Établissement de Communication et de Production Audiovisuelle de la Défense), како и со Белгиската Кралска кинотека од Брисел.

Проекциите ќе бидат пропратени со музика од Андреј Татарчевски, музичар во Скопје. Зад себе има два самоиздадени соло албуми (Cycle 1 и Исечоци), како и еден албум со проектот Chautauqua, на кој се појавува во улога на изведувач и продуцент. Настапува соло, во дуото Намуз и во различни неформални музички состави.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

2 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

ФЕСТИВАЛ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ

СЕЗОНА НА ФИЛМСКИ КЛАСИЦИ

МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА
(Macedonian Blood Wedding)

Игран филм, Македонија
1967, 102 мин. Колор, дцп

Режија: Трајче Попов (Trajce Popov)
Сценарио: : Славко Јаневски (Славко Јаневски)
Улоги: Драги Костовски, Драгомир Фелба, Јанез Врховец, Коле Ангеловски, Павле Вуисиќ, Петре Прличко, Ристо Шишков, Вера Чукиќ, Зафир Хаџиманов

Врз основа на истоимената драма од Чернодрински (Војдан Попгеоргиев) „Македонска крвава свадба“ го следи храброто патување на Цвета, млада православна христијанка која одбива да се потчини на бруталните барања на моќен регионален службеник на Отоманската империја.
Приказната започнува кога локалниот гувернер Осман Беј и неговите луѓе гонат бегалец кој провалил во палатата во обид да ја спаси својата сестра, која е заробена во беговиот харем. Добродушниот селски овчар, Спасе, му помага да избега. Додека ги пребарува околните полиња за бегалецот, Осман ја среќава младата Цвета и насилно ја носи да им се придружи на жените во неговиот харем.

Христијанските селани, на кои им се придружува Орхан, локален муслимански селанец, се згрозени од суровоста на бегот. Започнува востание кога селаните, предводени од локалниот свештеник, маршираат со факели кон палатата за да бараат ослободување на Цвета. Дипломатски претставници од Русија, Франција и Англија интервенираат, вршејќи меѓународен притисок за ставање крај на ситуацијата и ослободување на Цвета. Но, на денот на нејзината свадба доаѓа бегот со своите војници. Цвета гине, Спасе го убива бегот и заминува во комити.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

Ин мемориам Роберт Редфорд

3 ОКТОМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

ФЕСТИВАЛ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ

ОРЛИ НА ПРАВДАТА
(Legal Eagles)

Игран филм, САД
1986, 116 мин. Колор, 35мм

Режија: Иван Рајтман (Ivan Reitman)
Сценарио: Џим Кеш, Џек Епс Џуниор (Jim Cash, Jack Epps, Jr.)
Улоги: Роберт Редфорд, Дебра Вингер, Дерил Хана (Robert Redford, Debra Winger, Daryl Hannah)

ОРЛИ НА ПРАВДАТА (Legal Eagles) е американска романтична комедија од 1986-та со елементи на правна драма и трилер, во режија на Ајван Рајтман. Главните улоги ги толкуваат Роберт Редфорд, Дебра Вингер, а филмот комбинира хумор, романса и интриги во правниот и уметничкиот свет на Њујорк од осумдесеттите.

Приказната се врти околу Том Логан (игран од Роберт Редфорд), њујоршки обвинител, и Лора Кели (Дебра Вингер), адвокатка за одбрана. Двајцата соработуваат на случај поврзан со млада уметница обвинета за кражба на уметнички дела. Приказната ги следи нивните обиди да ја откријат вистината преку правни интриги, хумор, романса и неочекувани пресврти.

Роберт Редфорд го игра Логан со својата карактеристична харизма и суптилност, додека Дебра Вингер ја внесува својата енергија и духовитост во улогата на Кели, создавајќи динамична интеракција и романтична тензија меѓу нив. Режијата на Рајтман е динамична, балансирајќи комедија, драма и трилер елементи, со темпо што ја одржува приказната возбудлива.
Филмот го доловува амбиентот на Њујорк во осумдесеттите, прикажувајќи елегантни канцеларии, уметнички галерии и урбани сцени.

„Орли на правдата“ е филм што ја рефлектира енергијата на осумдесеттите. Харизмата на актерите и режијата на Рајтман создаваат филм за сите филмски фанови кои сакаат класични холивудски филмови со носталгичен призвук.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

Ин мемориам Роберт Редфорд

4 ОКТОМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.

ФЕСТИВАЛ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ

ДЕВОЈКАТА ШТО ЈА ЉУБЕВ
(The Way We Were)

Игран филм, САД
1973, 116 мин. Колор, 35мм

Режија: Сидни Полак (Sydney Pollack)
Сценарио: Артур Лаурентс (Arthur Laurents)
Улоги: Роберт Редфорд, Барбара Стрејсенд (Robert Redford, Barbra Streisand)

ДЕВОЈКАТА ШТО ЈА ЉУБЕВ е романтична драма во режија на Сидни Полак, со Барбра Страјсенд и Роберт Редфорд во главните улоги. Филмот, базиран на истоимениот роман од Артур Лоренц, е трогателна приказна за љубов, идеали и компромиси, сместена во позадина на политичките и социјалните промени во Америка од 1930-тите до 1950-тите.

Приказната ја следи Кејти Моровски (Страјсенд), страсна активистка со силни политички убедувања, и Хабел Гардинер (Редфорд), шармантен, но апатичен писател од привилегирана средина. Нивната врска, иако исполнета со хемија, е обележана со судир на нивните различни светогледи. Кејти е идеалистка, борец за правда, додека Хабел е прагматичен и избегнува конфликти. Филмот го истражува конфликтот меѓу личните желби и општествените притисоци, како и цената на компромисите во љубовта.

Барбра Страјсенд блеска како Кејти, внесувајќи длабочина и ранливост во ликот. Нејзината енергија и страст го носат филмот, особено во сцените каде што нејзините идеали се судираат со реалноста. Роберт Редфорд, иако посуптилен, го прикажува Хабел со природен шарм, но неговата улога останува во сенка на динамичната изведба на Страјсенд. Хемијата меѓу нив е убедлива, иако понекогаш се чувствува дека Редфорд е повеќе симбол на недостижна убавина отколку целосно развиен лик.

Сидни Полак маестрално ја балансира романтиката со историскиот контекст, користејќи ги политичките настани (како маккартизмот) за да ја зајакне драмата. Саундтракот, особено иконската песна „The Way We Were“ изведена од Страјсенд, е срцето на филмот и го засилува емотивниот ефект.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

8 ОКТОМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ
(Three days in September)

Игран филм, Македонија
2015, 90 мин. Колор, ДЦП

Режија: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)
Сценарио: Даријан Пејовски, Игор Иванов (Darijan Pejovski, Igor Ivanov)
Улоги: Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага
Милица Стојанова, Салаетин Билал, Александар Микиќ
Горан Трифуновски (Irena Ristic, Kamka Tocinovski, Adem Karaga, Salaetin Bilal, Aleksandar Mikic)

Две сосема различни жени, едната проститутка, а другата притаен одмазник, по силата на судбината влегуваат во сојуз и меѓусебно си помагаат во расчистувањето на нивното темно минато. Имено, Марика убива човек во самоодбрана и, бегајќи од законот, влетува во еден воз каде ја среќава Јана – тивка жена во доцните триесетти години, која патува во својата викендичка во планините. Тоа е совршено засолниште за Марика, се додека не се појави локалниот полицаец Генц, кој ќе поттикне сомнеж за вистинските намери нa двете жени.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

6 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 19:00 ч.
7 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК) 19:00 ч.

ЕТНОЛОШКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

 

9 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

ДЕНОВИ НА СЛОВЕНЕЧКИ ФИЛМ

СЕМЕЈНА ТЕРАПИЈА
(Odrešitev za začetnike)

Игран филм, Словенија, Италија, Норвешка, Хрватска, Србија
2024, 122 мин. Колор, ДЦП

Режија: Соња Просенц (Sonja Prosenc)
Сценарио: Соња Просенц (Sonja Prosenc)
Улоги: Марко Мандиќ, Алјоша Сшнајдер, Катерина Стегнар (Marko Mandic, Aliocha Schneider, Katarina Stegnar)

„Семејна терапија“ е црна сатирична комедија во која режисерката Соња Просенц ги истражува современите општествени прашања во хумористично, трагикомично преосмислување на „Теорема“ на Пазолини: млад странец влегува во навидум совршено словенечко „новобиштско“ семејство, нарушувајќи ја кревката семејна рамнотежа и откривајќи пукнатини во нивната внимателно одржувана фасада… Семејство на работ на нервен слом.

Филмот беше словенечки кандидат за оскар за 2024та година.

 

10 ОКТОМВРИ (ПЕТОК)19:00 ч.

ДЕНОВИ НА СЛОВЕНЕЧКИ ФИЛМ

НЕ ВИ ГИ ДАВАМЕ ИГРАЛИШТАТА/БЛОК 5
(Igriščа ne damo/Блок 5)

Игран филм, Словенија, Хрватска, Чешка, Србија
2024, 79 мин. Колор, ДЦП

Режија: Клемен Дворник (Klemen Dvornik)
Сценарио: Дора Суштиќ (Dora Sustic)
Улоги: Каја Забрет, Каја Шуштар, Јуеи Фридрих (Kaja Zabret, Kaja Sustar, Youri Friderich)

Кога 12-годишната Алма дознава дека компанијата на нејзиниот татко планира да го сруши игралиштето пред нејзината зграда, таа нема друг избор освен да се здружи со својот најголем непријател и нејзиното друштво во борбата за кислород и дрвја. Тимот има една недела да го спаси игралиштето.

 

ДЕНОВИ НА СЛОВЕНЕЧКИ ФИЛМ

11 ОКТОМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.

ПЛАНИНАТА НЕ ОДИ НИКАДЕ
(The Mountain Won’t Move)

Документарен филм, Словенија, Македонија, Франција
2025, 94 мин. Колор, ДЦП

Режија: Петра Селишкар (Petra Seliškar)
Сценарио: Петра Селишкар, Танкред Ривиер (Petra Seliškar, Tancrède Rivière)

Високо во македонските планини, среде стадо од 500 овци чувани од огромни кучиња, има бачило. Од ова несигурно прибежиште одекнува детска смеа. Под лимениот покрив живеат браќа овчари кои макотрпно работат за да го одржат семејството. Кога не работат, си играат и разговараат за значењето на животот. И додека за некого животот е токму таму, други се прашуваат дали иднината ги чека на друго место.

 

13 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

ИЗГУБЕНИ ВО ПРЕВОДОТ
(Lost in Translation)

Игран филм, САД
2003, 102 мин. Колор, 35мм

Режија: Софиа Копола (Sofia Coppola)
Сценарио: Софиа Копола (Sofia Coppola)
Улоги: Бил Мареј, Скарлет Јохансон (Bill Murray, Scarlett Johansson)

ИЗГУБЕНИ ВО ПРЕВОДОТ, во режија на Софија Копола, е суптилно и емотивно ремек-дело од 2003 година што ги истражува темите на осаменоста, отуѓеноста и човечката поврзаност. Сместен во живописниот, но дезориентирачки Токио, филмот ги следи Боб Харис (Бил Мареј), остарена филмска ѕвезда, и Шарлот (Скарлет Јохансон), млада жена во потрага по своето место во светот, додека се среќаваат и формираат неочекувано пријателство во туѓа средина.

Филмот се одвива во луксузен хотел во Токио, каде Боб снима реклама за виски, а Шарлот го придружува својот сопруг фотограф, кој е зафатен со работа. Двајцата, заробени во сопствените егзистенцијални кризи, се поврзуваат преку заедничкото чувство на изгубеност во културна и лична смисла. Копола маестрално ја доловува тишината на осаменоста и убавината на мимолетните врски, користејќи го Токио како метафора за внатрешната дезориентација. Темите за културниот јаз, меланхолијата и потрагата по значење се испреплетени со ненаметлива, но длабока емотивна резонанца.

Софија Копола создава визуелно и емотивно богат свет, каде неонските светла и хаотичната енергија на Токио се спротивставуваат на интимните, тивки моменти меѓу ликовите. Филмот е познат и по неговиот возбудлив саундтрак, кој вклучува песни од My Bloody Valentine и The Jesus and Mary Chain кој ја дополнува ониричната атмосфера на филмот. Бил Мареј испорачува една од своите најдобри изведби, балансирајќи хумор и тага, додека Скарлет Јохансон блеска со суптилна ранливост, создавајќи хемија што го носи филмот.

ИЗГУБЕНИ ВО ПРЕВОДОТ е редок филм што комбинира визуелна поезија, емотивна длабочина и ненаметлив наратив. Тоа е приказна за двајца луѓе кои се наоѓаат еден со друг кога се чувствуваат најизгубено, нудејќи надеж дека дури и во осаменоста, може да се најде значење. Со својата искрена режија, извонредни изведби и незаборавна атмосфера, овој филм е задолжителен за секој што цени кинематографија што допира до срцето.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

Ин мемориам Илинденка Петрушева

14 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

БАБИЧКИТЕ НА РЕВОЛУЦИЈАТА
(The Grandmothers of Revolution)

Документарен филм, Словенија / Куба
2006, 96 мин., колор, ДЦП

Режија: Петра Селишкар (Petra Seliškar)
Сценарио: Петра Селишкар (Petra Seliškar)

Филмот претставува интимна приказна за еден пар и нивните семејства кои имале слична судбина во периодот на Втората светска војна.
Тоа ги натера Петра и Бранд да го направат овој документарен филм, кој ги однесе во Словенија, Македонија и Куба, од каде што потекнуваат нивните баби и дедовци.
Филмот е полн со емотивни и комични елементи и нè воведува во верувањата во три различни идеологии. Ни прикажува постојана битка за опстанок, која се обединува во гените на новата генерација – генерацијата создадена од филмаџиите и нивните деца.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

15 ОКТОМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

30 ГОДИНИ

ОМРАЗА
(La Haine)

Игран филм, Франција
1995, 98 мин. Црно бел, 35мм

Режија: Метју Касовиц (Mathieu Kassovitz)
Сценарио: Метју Касовиц (Mathieu Kassovitz)
Улоги: Винсент Касел, Убер Конде, Саид Тагмауи (Vincent Cassel, Hubert Koundé, Saïd Taghmaoui)

La Haine („Омраза“), во режија на Матие Касовиц, е француски филм од 1995 година што остава силен впечаток со својата сурова автентичност и актуелност. Ова кинематографско дело, снимено во црно-бела техника, ја раскажува приказната за еден ден во животот на тројца млади пријатели – Винс (еврејски бунтовник), Хуберт (афро-француски боксер) и Саид (Арапин со харизматична енергија) – во сиромашните предградија на Париз. Филмот ја истражува тензијата меѓу маргинализираните заедници и полицијата, прикажувајќи го кругот на насилство, неправда и очај.

Приказната започнува по немирите предизвикани од полициската бруталност врз млад човек од предградието. Преку динамичната камера и реалистичните дијалози, Касовиц маестрално ја доловува фрустрацијата и бесот на младите луѓе заробени во систем што ги игнорира. Филмот не нуди едноставни решенија, туку поставува тешки прашања за општествената нееднаквост, расизмот и моќта. Насловот La Haine го рефлектира циклусот на омраза: „La haine attire la haine“ („Омразата привлекува омраза“), што е централна порака на филмот.

Режисерската визија на Касовиц е смела и бескомпромисна. Црно-белата естетика не само што додава документарен призвук, туку и ја нагласува суровата реалност на ликовите. Саундтракот, кој комбинира хип-хоп и француска поп-култура, совршено го надополнува ритамот на филмот. Актерската екипа, предводена од Венсан Касел (Винс), Хуберт Кунде (Хуберт) и Саид Тагмауи (Саид), испорачува моќни и природни изведби што ги прават ликовите незаборавни.

La Haine останува поразително релевантен и три децении подоцна поради неговата способност да ги отслика трајните општествени предизвици. Темите за полициската бруталност, системската нееднаквост и маргинализацијата на младите во урбаните средини се сè уште присутни низ светот. Филмот не само што ги отвора овие прашања, туку и го предизвикува гледачот да размисли за корените на омразата и за тоа како општеството може да го прекине овој циклус.

Неговата универзална порака и визуелна моќ го прават безвременски, поттикнувајќи дискусии за социјалната правда и човечноста во секоја нова генерација.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

Ин мемориам Мајк Мадсен

16 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

УБИЈ ГО БИЛ 1
(Kill Bill 1)

Игран филм, САД
2003, 111 мин. Колор, 35мм

Режија: Квентин Тарантино (Quentin Tarantino)
Сценарио Квентин Тарантино (Quentin Tarantino)
Улоги: Ума Турман, Луси Лиу, Вивика А. Фокс, Мајкле Медсен, Дерил Хана, Дејвид Карадин (Uma Thurman, Lucy Liu, Vivica A. Fox, Michael Madsen, Daryl Hannah, David Carradine)

УБИЈ ГО БИЛ 1 (2003), првиот дел од филмската сага, режирана од Квентин Тарантино, е кинематографски огномет кој го редефинира жанрот на акцијата и одмаздата. Оваа визуелно раскошна приказна ја следи Невестата (Ума Турман), поранешен платен убиец, која, откако е предадена и оставена во кома, се буди со единствена цел – да ги пронајде и казни оние што го уништија нејзиниот живот. Со катана во рака и иконскиот жолт костум, Невестата тргнува на пат полн со жестоки пресметки, оставајќи трага од незаборавни сцени зад себе.

Тарантино, познат по својата способност да спојува жанрови, овде создава уникатна мешавина од „спагети-вестерни“, самурајски филмови, азијска кинематографија и поп-културни референци. Секој кадар е прецизно осмислен, со живописни бои и динамична камера што го засилува адреналинот. Култната сцена каде Невестата се соочува со армија противници, е вистински хореографски спектакл, придружен од еклектичен саундтрак со песни од Ненси Синатра до јапонски поп. Ума Турман е магнетична во улогата, носејќи сурова енергија, но и суптилна ранливост што ја прави Невестата комплексен лик. Филмот е прослава на стилот и акцијата, но и вовед во подлабоката приказна што следи, оставајќи ги гледачите желни за продолжение.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

Ин мемориам Мајк Мадсен

17 ОКТОМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

УБИЈ ГО БИЛ 2
(Kill Bill 2)

Игран филм, САД
2004, 138 мин. Колор, 35мм

Режија: Квентин Тарантино (Quentin Tarantino)
Сценарио Квентин Тарантино (Quentin Tarantino)
Улоги: Ума Турман, Луси Лиу, Мајкл Медсен, Дерил Хана, Дејвид Карадин (Uma Thurman, Lucy Liu, Vivica A. Fox, Michael Madsen, Daryl Hannah, David Carradine)

УБИЈ ГО БИЛ 2 (2004) ја продолжува епската сага на Тарантино за Невестата, носејќи ја нејзината одисеја за одмазда до емотивен и драматичен врв. Додека првиот дел е празник на акцијата, вториот дел го забавува темпото, откривајќи ги сложените врски меѓу ликовите, особено меѓу Невестата и Бил (Дејвид Керадајн). Тарантино мајсторски го менува фокусот кон интимни дијалози и развој на карактерите, дозволувајќи им на гледачите да ги разберат мотивите и минатото на протагонистите.

Овој дел ја продлабочува митологијата на „ УБИЈ ГО БИЛ “, со сцени кои се движат од напнати акциони моменти, како мајсторската борба со Ел Драјвер (Дарил Хана), до тивки, емотивни разговори кои го откриваат човечкиот аспект на ликовите. Саундтракот, со меланхолични мелодии и драматични тонови, совршено ја надополнува атмосферата, додека режијата на Тарантино останува беспрекорна, со омажи на вестерни и боречки филмови. Финалната пресметка меѓу Невестата и Бил не е само физичка, туку и длабоко емотивна, нудејќи задоволувачки крај на оваа дводелна сага. Ума Турман и Дејвид Керадајн создаваат хемија што го прави овој дел подеднакво привлечен, но на поинтимен начин.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

18 ОКТОМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.

СКОПЈЕ РЕМИКС
(Skopje Remixed)

Игран филм, Македонија
2012, 141мин., колор, ДЦП

Режија, Сценарио: НОВО МАКЕДОНСКО ВИДЕО – колектив на македонски режисери и филмски работници
Улоги: Оливер Митковкси, Камка Тоциновски, Милан Тоциновски, Ана Стојановска, Јулија Милкова, Софија Куновска, Дејан Лилиќ

„Скопје Ремикс“ е амбициозен и иновативен филм од 2012 година, создаден од колектив на македонски режисери. Филмот се состои од десет кратки приказни кои се фокусираат на различни аспекти на животот во македонската престолнина, Скопје. Со својот уникатен пристап и разновидност, „Скопје Ремикс“ нуди свеж поглед на градот и неговите жители, прикажувајќи го во светлина која е истовремено реалистична и магична.

Главната сила на филмот лежи во неговата способност да ги обедини различните стилови и гласови на десетте режисери, создавајќи кохезивно и возбудливо кинематографско искуство. Секој сегмент носи свој уникатен тон и перспектива, од комични и сатирични, до драматични и емотивни. Овој мултиперспективен пристап овозможува филмот да го прикаже Скопје како комплексен и разнолик град, исполнет со контрасти и парадокси.

Филмот ги комбинира елементите на реализмот и фантазијата, прикажувајќи го градот како место каде што секојдневието се среќава со необичното и неочекуваното. Темите кои се истражуваат во филмот вклучуваат љубов, идентитет, социјални неправди и човечка издржливост, секогаш со фокус на уникатниот урбан контекст на Скопје.

Секој сегмент е визуелно различен, со употреба на различни стилови и техники кои дополнително го збогатуваат визуелното искуство на гледачот. Од реалистични улични сцени до апстрактни и симболични кадри, филмот успева да го прикаже Скопје на начин кој е свеж и инспиративен.

Музиката и звукот во „Скопје Ремикс“ се исто така извонредно интегрирани, со внимателно избрани саундтрак-нумери кои го дополнуваат и зајакнуваат наративот. Звуците на градот, заедно со оригиналните музички композиции, создаваат богата и автентична аудиовизуелна атмосфера.

Во целина, „Скопје Ремикс“ е филм кој успева да го прикаже духот и енергијата на Скопје на начин кој е истовремено забавен и длабок. Со својата мултиперспективна структура и разновидни приказни, филмот нуди богат и комплексен поглед на животот во македонската престолнина. Ова дело на групата автори е значаен придонес во современата македонска кинематографија и заслужува да биде гледано и ценето од пошироката публика.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

20 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
21 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
22 ОКТОМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.
23 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.
24 ОКТОМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

ЕХО ФЕСТИВАЛ

 

25 ОКТОМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.

ЏГАН
(Amok)

Игран филм, Македонија
2016, 100 мин., колор, ДЦП

Режија: Вардан Тозија (Vardan Tozija)
Сценарио: Вардан Тозија (Vardan Tozija)
Улоги: Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски (Martin Gjorgoski, Deniz Abdula, Nikola Ristanovski)

Низа од свирепи околности претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од Дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив, постои само едно, заедничко име – ЏГАН.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

27 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.
СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА 

Игран филм, Македонија / Кипар
2022, 106 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Кристијан Ристески (Kristijan Risteski)
Улоги: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев (Natasa Petrovikj, Verica Nedeska, Sashko Kocev, Deniz Abdula, Ivica Dimitrijevikj, Tino Kostadinovski, David Janakiev)

Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“на Боби, 20-годишен наркоман. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако Боби и Маја не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, од релативизацијата на моралот и од агресивната инвазија на политиката врз нивните животи.
СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА е дебитантски игран филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори минатогодишното, 43-то издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

27 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

60 ГОДИНИ

ДЕНОВИ НА ИСКУШЕНИЕ
(Days of temptation)

Игран филм, Македонија
1965, 104 мин., колор, 35мм

Режија: Бранко Гапо
Сценарио: Бранко Гапо , Димитар Солев, Гане Тодоровски
Улоги: Димитар Гешовски, Илија Џувалековски, Јанез Врховец, Петре Прличко,

„Денови на искушение“ е првиот долгометражен игран филм на Бранко Гапо од 1965 година. Работен е според драмското дело „Црнила“ на Коле Чашуле и го содржи како свој основен мотив политичко убиство, атентатот, над Ѓорче Петров, извршен од врховистите во Софија во 1921 година. Драмата, всушност, ја отсликува заднината на овој злосторнички чин, подготовките за него и неговите глумци, а нејзината сценаристичка адаптација на Димитар Солев и Гане Тодоровски главно ја следи истата драматуршка структура.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

28 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.

70 ГОДИНИ

ВОЛЧЈА НОЌ
(Night of the Wolves)

Игран филм, Македонија
1955, 79 мин., црно-бел, 35 мм

Режија: Франце Штиглиц
Сценарио: Славко Јаневски
Улоги: Трајко Чоревски, Илија Џувалековски, Драгомир Фелба, Драги Крстевски, Петре Прличко

„Волчја ноќ“ (1955), во режија на Франце Штиглиц и според сценарио на македонскиот писател Славко Јаневски, е вториот македонски игран филм.
Еден од најсилните аспекти на „Волчја ноќ“ е сценариото на Славко Јаневски. Авторот Јаневски, познат по својата литературна умешност и длабоко разбирање на човечката психологија, создава богата и комплексна приказна која истовремено е универзална и специфична. Неговите дијалози се полни со тензија и со емотивна длабочина, што му овозможува на филмот да истражува широк спектар на теми, од лојалност и предавство до страв и надеж.

„Волчја ноќ“ е многу повеќе од воен филм. Тоа е длабока психолошка драма која ги истражува границите на човечката издржливост и моралност. Со својата сложеност, визуелна убавина и со емоционалната длабочина, филмот е значајно дело во историјата на македонската и југословенската кинематографија.
На филмскиот фестивал во Пула, сценариото на Славко Јаневски е добитник на значајната награда – Златната Арена.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

28 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

45 ГОДИНИ

ОЛОВНА БРИГАДА
(The Lead Brigade)

Игран филм, Македонија
1980, 115 мин., колор, 35мм

Режија: Кирил Ценевски (Kiril Cenevski)
Сценарио: Кирил Ценевски (Kiril Cenevski)
Улоги: Јовановски Ацо, Спиркоски Благоја – Џумерко, Чевревски Данчо, Дамески Дарко, Џувалековски Илија, Ангеловски Коле, (Labina Mitevska, Nikola Kojo)

Зима во една рударска населба. Во рудникот работата се одвива според вообичаениот ритам. Во окното, заедно со рударите, се симнува и инженерот Лазар. Рударот со прекар Мајор ги распоредува двојките за работа. Злокобното завивање на сирената ја прекинува работата во рудникот. Рударот Шило алармира кај рударите за тројцата завеани рудари кои, доаѓајќи на работа од околните села, останале заглавени во снежните наноси. Сите рудари се подготвени да помогнат. Во возилото на рудникот седнува инженерот Лазар и тргнува во потрага. За еден од рударите помошта пристигнува предоцна.

Едно од окната во рудникот е забрането за работа. Во него е наоѓалиштето на талиумовите минерали, потребни за извршување на експериментите со соларна енергија. Инженерот Лазар е млад и принципиелен човек кој ги застапува интересите на рударите. Во Дирекцијата на рудникот тој зборува за несоодветните работни услови на рударите и за малиот паричен надоместок што тие го добиваат. Неговите забелешки не ги засегнуваат присутните, а особено не директорот на рудникот. Во посета на инженерот пристигнува неговата сопруга, која живее во друг град. Нивниот брак нема перспектива. Поради постојаните недоразбирања, Лазар инсистира неговата сопруга веднаш да замине од неговата соба во рударскиот хотел. Како да претчувствува дека причината за нејзиното доаѓање е интересот за ретките минерали со кои таа тргува…

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

29 ОКТОМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.

20 ГОДИНИ

КОНТАКТ
(Contact)

Игран филм, Македонија
2005, 105 мин., колор, 35мм

Режија: Станојковски Сергеј (Kiril Cenevski)
Сценарио: Гордан Михиќ (Gordan Mihic)
Улоги: Лабина Митевска, Никола Којо (Labina Mitevska, Nikola Kojo)

„Контакт“ е нетипична љубовна приказна за двајца млади луѓе, тотални аутсајдери сосема невклопени во општеството, кои по сплет на околности се поврзуваат и се вљубуваат еден во друг.
Јанко, кој е штотуку ослободен од затвор се запознава со Жана, штотуку отпуштена од психијатриска болница. По низа перипетии и меѓусебна недоверба, меѓу нив се раѓа љубов, на која на патот ù застануваат родителите на Жана, нудејќи му пари на Јанко за да се изгуби од нејзиниот живот, што тој и го прави. Кога повторно ќе ја побара, Жана е повторно во психијатриската болница, не комуницирајќи со никого, но Јанко успева да ѝ извлече некој збор, што остава надеж за нејзино опоравување. Крајот на филмот останува отворен.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

29 ОКТОМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

30 ГОДИНИ

АНГЕЛИ НА ОТПАД
(Angels of the Dumps)

Игран филм, Македонија
1995, 119 мин., колор, 35mm

Режија: Димитрие Османли Dimitrie Osmanli)
Сценарио: Томислав Османли (Tomislav Osmanli)
Улоги: Јосиф Јосифовски, Катина Иванова, Мери Бошкова, Мето Јовановски, Ванчо Петрушевски, Владо Јовановски ( Josif Josifovski, Katina Ivanova, Meto Jovanovski, Vanco Petrusevski, Vlado Jovanovski)

АНГЕЛИ НА ОТПАД е последниот филм на великанот на нашата кинематографија, Димитрие Османли. Филмот е трагикомедија за бездомниците во времето на транзицијата од 90-тите години, време кога пропаѓа стариот општествен систем и неговите вредности и многу луѓе не успеваат да се прилагодат и остануваат буквално на маргините на општеството, живеејќи на депонија. Сценариото напишано од Томислав Османли е калеидоскоп од животни приказни на токму такви ликови (претежно од циркускиот свет) кои не успеале да се снајдат во новите прилики и се отпадници од општеството. Кога циркусот изгорува и „последната изведба“ завршува со трагедија, вината за загубата е на корумпираните службеници и ситните гангстери.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

30 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК) 18:00 ч.

ВОЈНАТА ЗАВРШИ
(The War Is Over)

Игран филм, Македонија/Швајцарија
2010, 103 мин., колор, ДЦП

Режија: Митко Панов (MitkoPanov)
Сценарио: Митко Панов (MitkoPanov)
Улоги: Музафер Етеми, Шеќерие Буќај, Енвер Петровци,Армонд Морина, Љупчо Тодоровски, Селман Локај, Сулејман Локај, Блерта Сула, Дрито Аме (Muzafer Etemi, Sheqerie Buqaj, Enver Petrovci, Armond Morina, Ljupcho Todorovski, Selman Lokaj, Sylejman Lokaj, Blerta Syla, Dritero Ame)

Во 1999 г. семејството Рахмани и нивните три деца за време на НАТО бомбардирањето во Србија емигрираат во Швајцарија. После неколку години тие се соочуваат со депортација. Очајни да останат, Расим- таткото на семејството и еден поранешен учител по музичко, организираат Албанска група за Танцување со цел собирање на потписи од Заедницата за нивна поддршка.
Војната заврши e интимна приказна која го отсликува искуството на сите иселеници во ера на глобализација. Може ли добриот човек да издржи притисоците на војна, егзил и депортација? Ќе биде ли во можност повторно да го изгради својот живот во странство?

ВОЈНАТА ЗАВРШИ е игран филм чија инспирација е судбината на едниот од војничките другари на Панов од ЈНА, прикажани во неговиот долгометражен документарец ЗЕМЈАЦИ. Во ЗЕМЈАЦИ има околу десетина портрети на луѓе, а еден од нив е и Кадри, кој е учител во близина на Медвеѓе и кој во 1999 година емигрира во Швајцарија.Слоганот на филмот е „Најголемата војна е онаа под твојот покрив“.

Филмот ја доби специјалната награда на Фестивал на јужноевропски филмови во Лос Анџелес, 2011, Медиа награда на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ во Приштина, 2010, а беше прогласен за најдобар филм на Балканот на Меѓународниот филмски фестивал во Тирана, 2010.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: бесплатен влез

 

30 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

50 ГОДИНИ

ЈАД
(Misery)

Игран филм, Македонија
1975, 119 мин., колор, ДЦП

Режија: Кирил Ценевски (Kiril Cenevski)
Сценарио: Кирил Ценевски (Kiril Cenevski)
Улоги: Дарко Дамески, Фабијан Шоваговиќ, Малгоржата Потоцка, Нада Гешовска, Сабина Ајрула – Тозија, Танасие Узуновиќ ( Darko Dameski, Nada Gesoska, Sabina Ajrula Tozija, Tanasie Uzunovic )

Крај на XI-от век. Охрид, Византија. Силен духовен отпор на словенското население кон византиската власт и христијанската догма, искажан преку ересот на богомилското движење и автентичната самобитност на народот. Прогони, анатеми, убиства, чуми, несреќи… вител во кој ја следиме судбината на семејството на Аврам, како вековен симбол на човековото опстојување на балканските крстопати. Во селото на Аврам владее епидемија на големи сипаници. Сите болни ги фрлаат во вар. Аврам сè уште нема наследник, а тоа неизмерно го посакува.
Ноќе, кога селаните изведуваат во шумата ритуали за изгонување на болестите и кажуваат молитви упатени кон природата, Аврам ја забележува младата и убава Далија со која посакува да има син. Правото на старешина тоа му го дозволува. Во исто време и жената на Аврам упатува паганска молитва кон Сонцето за да ја оплоди нејзината утроба.
Се раѓаат два сина. Едниот, Вардан, и неговата мајка Далија се сместени во манастир, а другиот, Гаврил, ја има сета таткова љубов. Момчињата израснуваат и се запознаваат на еден црковен празник, кога Аврам со семејството и селаните доаѓаат во манастирот…

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

31 ОКТОМВРИ (ПЕТОК) 18:00 ч.

СРЕЌНА НОВА`49
(Happy New `49)

Игран филм, Македонија
1986 г., 125 мин., колор, 35 мм

Режија: Столе Попов (Stole Popov)
Сценарио: Гордан Михиќ (Gordan Mihić)
Улоги: Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Петар Арсовски, Мите Грозданов, Душко Костовски (Svetozar Cvetković, Meto Jovanovski, Vladica Milosavljević, Petar Arsovski, Aleksandar Gjorchev, Mite Grozdanov, Dushko Kostovski)

Дејството на филмот започнува во јуни 1948 година. Група југословенски студенти, на школување во СССР, по несогласувањата меѓу двете земји се враќаат дома. Меѓу нив се и Драгослав, неговата девојка Вера и блискиот пријател Градимир, кого раздвојувањето со СССР го доведува до низа внатрешни конфликтни ситуации, кои конечно кулминираат со чинот на неговото самоубиство на железничката станица во Суботица. Истрагата во врска со самоубиството започнува веднаш. Семејството на Драгослав го очекува неговото враќање, дотолку повеќе што мајка му, тешко болна, е пред умирање.

Таткото Стојан, по професија каменорезец, се грижи за егзистенцијата на семејството. Тука се уште и неговата сестра Нела во годините кога престанува да биде дете, и браќата, помалиот Коле и Коста, гимназијалец, кој пред матурата заминува од училиштето. Тој се занимава со црноберзијански работи. За него нема повеќе авторитети, како што нема ни непознаници во живеењето „на работ“. Драгослав дома ја доведува и Вера со која сака да се ожени. Првата средба на Драгослав и Коста завршува со тепачка поради желбата на постариот брат Коста да живее и да се однесува во согласност со нормите на граѓанскиот живот. Непосредно потоа Драгослав е одведен од ОЗНА. Тој е обвинет дека е советски агент и е задржан во истражниот затвор.

Награди:
• 1986 ФЈИФ, Пула, Гран при, Голема златна арена за најдобар филм за Столе Попов
• 1986 ФЈИФ, Пула, Награда „Милтон Манаки“ од југословенската филмска критика за Столе Попов
• 1986 ФЈИФ, Пула, „Златен гладијатор“, награда на југословенската филмска академија за режија
• 1986 Југословенски кандидат за Оскар
• 1991 МФФ, Порто Алегре (Бразил), Гран при, Прва награда од публиката
• 1993 Виена, Збогом Југославија – Виенале ‘93, Антологија од 33 филма
• ФЕСТ Белград, Антологија на Средноевропски Филм – Саша Петровиќ

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

31 ОКТОМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

45 ГОДИНИ

ВРЕМЕ, ВОДИ
(Times, Waters)

Игран филм, Македонија
1980, 139 мин., колор, 35мм

Режија: Бранко Гапо (Kiril Cenevski)
Сценарио: Јован Стрезовски (Kiril Cenevski)
Улоги: Борис Дворник, Душко Костовски, Лидија Плетл, Петре Прличко, Мето Јовановски, Петар Арсовски, Милан Штрљиќ, Благоја Чоревски ( Boris Dvornik, Dusko Kostovski, Lidija Pletl, Petre Prlicko, Meto Jovanovski, Petar Arsovski, Milan Stljic, Blagoja Corevski)

Филмот ја раскажува животната приказна на Петар Ќушко и неговите соселани од селото Сушево судбински е поврзана со недостигот на вода неопходна за живот. Со благослов на попот, селаните од Сушево го свртуваат течението на реката и ја крадат водата на селаните од селото Каменово. Во тепачката што следи учествуваат селаните од двете села заедно со нивните попови.
Заради нарушување на јавниот ред и мир, селаните се предадени на судот. Судијата е поткуплив и тој пресудува во полза на оние што ќе платат поголем поткуп. Така водата ја добиваат селаните од Каменово. Во Сушево проблемот за вода кулминира и селаните не сакаат да го плаќаат данокот за вода кога веќе ја немаат. Меѓу нив е и Петар Ќушко, воденичар без вода. Селаните сакаат да демонстрираат пред началството во Струга, но жандармите ги растураат уште на излезот од селото…

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

Уредник на филмска проргама: Бојан Станишиќ.