ПРОЕКЦИЈА НА „СЕСТРИ“ И РАЗГОВОР СО ДИНА ДУМА И АКТЕРКИТЕ ВО ФИЛМОТ

Македонскиот игран филм СЕСТРИ, дебитантско долгометражно остварување на Дина Дума, во текот на февруари ќе има неколку проекции во Кинотеката.

Авторката Дума и продуцентката Марија Димитрова со наградата на фестивалот во Карлови Вари

На првата проекција на СЕСТРИ на 1 февруари (вторник) во 18:00 ч. ќе присуствуваат авторката Дума и актерките Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Публиката ќе има можност да разговара со гостинките по проекцијата на филмот.

Белазелкоска, Дума и Жиро (од лево на десно)

Светската премиера на македонскиот игран филм СЕСТРИ беше во август минатата година на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“. Македонската премиера беше на 42 ИФФК „Браќа Манаки“: филмот на Дума го отвори фестивалот на кинематограферите во Битола.

СЕСТРИ

(Sisterhood)

Игран филм, Македонија / Косово / Црна Гора

2021, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Дина Дума (Dina Duma)

Сценарио: Дина Дума, Мартин Иванов (Dina Duma, Martin Ivanov)

Улоги: Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Марија Јанчевска, Ханис Багашов, Верица Недеска (Antonija Belazelkoska, Mia Giraud, Marija Jancevska, Hanis Bagashov, Verica Nedeska)

Филмот е приказна за две млади девојки, Маја и Јана. Растат во типична постсоцијалистичка средина со изместени вредности. Нивното хоби е синхронизирано пливање. Маја е вљубена во Крис, и на една журка наместо да започнат нормална врска, Елена ѝ го презема дечкото на Маја. Елена и Крис имаат орален секс на отворено, а Маја и Јана ќе го снимат тој настан со мобилен телефон и ќе го објават на социјалните мрежи. Животот на Елена станува пекол, и по судирот со Маја и Јана се случува страшен инцидент во кој исчезнува Елена. Сите се во потрага по неа, а пријателството на Маја и Јана е доведено во прашање…

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

Термини на проекциите на СЕСТРИ во Кинотеката: 

 1 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

2 ФЕВРУАРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

3 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

5 ФЕВРУАРИ (САБОТА), 20:00 ч.

7 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

11 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

12 ФЕВРУАРИ (САБОТА), 20:00 ч.

28 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.