ПОКАНА ЗА „ДЕНОВИ НА ХРВАТСКИ ФИЛМ“
15 – 20 септември 2025 година, Кинотека на Република Северна Македонија
ве покануваме на „ДЕНОВИ НА ХРВАТСКИ ФИЛМ“, манифестацијата која се одржува од понеделник, 15 септември до сабота, 20 септември 2025 година, со проекции што почнуваат во 20 часот во Кинотеката на Република Северна Македонија.
Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.
Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешните дела на хрватско кино.
Церемонијата на отворањето ќе започне со филмот „Ustav Republike Hrvatske“ (2016) во режија на Рајко Грлиќ.
Во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни филмови, кратки играни филмови, документарни филмови и класици на хрватското кино, а програмата ќе заврши со најновата крими драма „Svemu dođe kraj“ (2024).
Сите филмови ќе се прикажуваат на оригинален јазик со титлови на македонски и на англиски јазик.
Ве очекуваме!

Veleposlanstvo Republike Hrvatske, Skopje
Embassy of the Republic of Croatia, Skopje
Bukureška 91, 1000 Skopje
T: +389 2 32 48 170
