Кинотеката на Македонија неодамна ја одбележа 60-годишнината од снимањето на македонскиот игран филм МИС СТОН.
Низ фотографии, неколку интересни детали, прес-клипинзи, сеќавања на авторите и неколку документи ја раскажавме приказната за филмот МИС СТОН. За развојот на идејата и сценариото, за работата на филмската и популарноста на актерскат екипа. За паралелниот проект во сенка, премиерата, триумфот во киносалите ширум земјата. За принудното слетување во земјата на заборавот… И за повторното будење на митот за филмот МИС СТОН.
Приказната за „Мис Стон“ всушност ја раскажуваме сите ние кои се сеќаваме и навраќаме на филмот. Автор на овој документарец по повод јубилејот на МИС СТОН е колешката Лидија Христова.
