Со проекцијата на филмот ДЕЦАТА НА РАЈОТ, ремек-дело на Маџид Маџиди, синоќа во Кинотеката на Македонија започна Неделата на современиот ирански филм.
Неделата на ирански филм се одржува по повод 40годишнината од Исламската револуција во Иран. Во холот на Кинотеката на Македонија е поставена изложба на фотографии со достигнувањата на Исламската револуција.
Во присуство на Н.Е. Хосеин Карими, амбасадор на Исламската република Иран во Македонија, Неделата на иранскиот филм со поздравни говори ја отворија директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов, и аташето за култура на амбасадата на Иран, Махди Ширази.

Во шесте вечери на Неделата на иранскиот филм гледачите можат да видат филмски дела на исклучителни автори од неколку генерации на иранската кинематографија, која изминативе децении е една од водечките во светот.
Влезот за проекциите на филмовите од Неделата на ирански филм е бесплатен.
