На 30 ноември и 1 декември, гости во Кинотеката беа учениците од приватното основно училиште „Јахја Кемал“, и низ разговор со филмолозите Лидија Кировска и Арсим Лесковица, се запознаа со работата на Кинотеката.
Во киносалата на Кинотеката, филмолозите и учениците разговараа за филмот и филмскиот материјал, а зборуваа и за начините на дигитализација и реставрација на филмското богатство.
Филмологот Лидија Кировска зборуваше за организациската поставеност на Кинотеката и работата на сите три одделенија: Одделението за прибирање, заштита, обработка, чување на аудиовизуелни добра и филмска документација (пишувана и фотофотографска документација и музејски експонати), Одделението за истражувачка, издавачка, библиотечна, меѓународна, јавна дејност и филмска програма и Одделението за административно, правни работи, човечки ресурси и материјално финансико работење. Додека пак, филмологот Арсим Лексковица на младите посетители им ја објасни работата на одделението за прибирање, заштита, обработка, чување на аудиовизуелни добра и филмска документација.














