„КИНЕНОВА“ ГО СТАРТУВА ИРСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ СКОПЈЕ 2021

Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА го започнува првото издание на Фестивалот на современата ирска кинематографија во Македонија.
Овој настан свечено ќе биде отворен на 20ти ноември (сабота) во киносалата на Кинотека на Македонија од 20:00 часот со црната комедија ПРИВЛЕЧЕН ЃАВОЛ (Handsome Devil) на режисерот Џон Батлер (John Butler).

Настанот ќе биде отворен од страна на Амбасадорот на Ирска за Романија, Македонија и Молдавија, Н.Е. Пол МекГери.
Програмата од фестивалот во наредните три дена ќе продолжи со емитување на останатите филмови на телевизија ТВ24. Меѓу филмовите во оваа програма се два филма на прославениот ирски режисер Дејвид Глисон, како и моќниот документарен филм ГЛАД каде наратор е Лиам Нисон.
Оваа ексклузивна програма се реализира во соработка и со поддршка на Ирската амбасада во Букурешт.