
Подржано од Европска Унија, во рамките на Ерасмус+ програмата, за проектот МобиРеел сите проектни партнери развија структурирана обука која во текот на проектот ќе биде достапна за сите. Со цел претставување на модулот: „Подготовка за дигитализација, евтини пристапи и технологии, подготовка на материјалот, потреба од чистење или реставрација“ Кинотека на Македонија во соработка со режисерот Илија Павлов и cнимател на звук Филип Лафазановски, сними кратко едукативно видео во кое накратко е објаснета постапката за чистење и подготовка на видео материјалите. Видеото како и обуката се моментално во развојна фаза, а набрзо ќе бидат достапни за јавноста на МобиРеел платформата.







