Во четвртокот, на 7 ноември, во работна посета на Кинотеката, беше Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во придружба на државниот советник за заштита на недвижно културно наследство и надлежните лица од Одделението за недвижно културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра при министерството.
Заедно со директорот на Кинотеката – Бошко Грујоски, Љутков ги разгледа депоата на Кинотеката, се запозна со збирките на пишувана документација, архивот и филмските фондови, музејската збирка од фото и филмски камери и кино-апарати и проектори, со условите во кои се одвива прегледувањето и обработката на примените филмски материјали, со техничките можности за дигитализација и дигитална реставрација, со содржините на редовната филмска програма, како и со други аспекти од кинотечното работење.
По посетата, Министерот Љутков пред новинарите на прес-конферецијата нагласи дека со директорот Грујоски се разговарало за плановите околу одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Кинотеката во 2026 година, за идните печатени изданија кои треба да излезат до крајот на оваа година, како и за оние што се планирани за следната календарска година; исто така, се разговараше и за дигиталните реставрации на филмовите од домашната продукција кои претстојат, како и за предизвиците околу грижата за филмското депо во Хавзи-пашините конаци.
Средбата помина во пријатна работна атмосфера, со размена на идеи, стратегии и прецизирање на идните планови на полето на заштитата на аудиовизуелно наследство, за проектите на дигитализација и реставрација и општо, за програмските активности на Кинотеката во иднина.
…
Повеќе детали од посетата, можете да најдете на следниов линк:









