Вчера во Скопјне почина легендарниот филмски работник, тонскиот снимател Глигор Паковски – Гицо.
Закопот ќе се одржи утре, на 28 јануари, од 11:30 часот на Градските гробишта Бутел, капела 10:30 часот.

Паковски е роден во Галичник, 1932. По завршување на Вишата сојузна електростопанска школа во Скопје 1953 година се вработува во продуцентската куќа „Вардар филм“ – Скопје, каде го минува својот работен век како тонски снимател, односно монтажер на звук. Играниот филм ВОЛЧА НОЌ и документарниот РИТАМ И ЗВУК се првите задачи на Пакоски. Филмографијата на Глигор Пакоски е обемна, својог авторски придонес го дава во 24 играни и во повеќе од 150 документарни филмови. Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои, две златни арени за тон на Филмскиот фестивал во Пула, две златни плакети на Југословенскиот фестивал за документарен и краткометражен филм како и Републичките награди 11 Октомври и 13 Ноември.

Паковски е добитник и на наградата „Златен објектив“ за 2014 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија.
Награди: 1973 ФЈИФ Пула,Златна арена за тон / „Татко“ 1976 Награда 11 ОКТОМВРИ / „Австралија, Австралија“ 1976 Награда 13 НОЕМВРИ / „Селанска буна“ 1978 ФЈДКФ Белград, Златен медал Белград за тон / „Угич“ 1979 ФЈДКФ Белград, Златен медал Белград за тон / „Голгота“, „Дае“ 1985 ФЈИФ Пула, Златна арена за тон / „Јазол“
Филмови: 1971 УМИР КРВИ, тон снимател, монтажа на тон, ФРЗ – Белград, Косова филм Приштина; 1974 УЖИЧКА РЕПУБЛИКА тон снимател, игран, Инекс филм Белград; 1975 СЕЛАНСКА БУНА (SELJAČKA BUNA), тон снимател, игран, Јадран филм Загреб, ФРЗ Белград; 1978 ДВОБОЈ ЗА ЈУЖНАТА ПРУГА (DVOBOJ ZA JUŽNU PRUGU), тон снимател, игран, ЦФС Кошутњак – ООУР Авала филм – Белград; 1979 ВЕТЕР И ДАБ (VETAR I HRAST), тон снимател, игран, Косово филм Приштина; 1997 НОЌ, тон снимател, игран, копродукција Вардар филм, Алба филм Тирана; 1998 ПЛАНЕТАРИУМ, тон снимател, документарен – целовечерен
Филмографија:
1955: Волча ноќ ( Асистент тон снимател, )
1955: Ритам и звук ( Асистент тон снимател, )
1957: Конзервирани витамини ( Тон, )
1957: Полог (економски преглед) ( Тон, )
1957: Полог (туристички преглед) ( Тон, )
1957: Средновековни фрески во Македонија ( Тон, )
1957: Мерино ( Тон, )
1957: Во стариот крај ( Тон, )
1957: Бунт на куклите ( Асистент тон снимател, )
1957: Сонце зад решетки ( Асистент тон снимател, )
1958: По трагите на јагулите ( Тон, )
1958: Македонски тутун III ( Тон, )
1959: Прилеп, вчера и денес… ( Тон, )
1959: Препородени полиња ( Тон, )
1959: По врвиците на слободата ( Тон, )
1959: Допири со смртта ( Тон, )
1959: Бели штркови ( Тон, )
1960: Прилепски тутун ( Тон, )
1960: Во долината на цветовите ( Тон, )
1960: Сонце на младоста ( Тон, )
1960: Први Мај 1960 ( Тон, )
1960: Погон 3 ( Тон, )
1960: Фабрика за фрижидери „Битола“ ( Тон, )
1961: Детето од колоната ( Тон, )
1961: Македонија 1941 ( Тон, )
1961: Твојот роденден ( Тон, )
1962: Зимски импресии ( Тон, )
1962: Граница ( Тон, )
1962: Кој е виновен? ( Тон, )
1963: Скопски репортер бр. 3 ( Тон, )
1963: Нашата доверба ( Тон, )
1963: Школите и универзитетот во скопската катастрофа ( Тон, )
1963: Девојките од Мали ( Тон, )
1963: Оваа пролет 1963 ( Тон, )
1963: Невољите на покојникот К.К. ( Тон, )
1964: Скопски репортер бр. 5 ( Тон, )
1964: Школски распуст ( Тон, )
1964: Кратовско злато ( Тон, )
1964: Полошки огнови ( Тон, )
1964: Последни номади ( Тон, )
1964: Кеј 13 Ноември ( Тон, )
1964: Средба на солидарноста ( Тон, )
1965: Селидби ( Тон, )
1965: Дванаесетте од Папрадник ( Тон, )
1965: Охридските трубадури ( Тон, )
1965: Предизборни разговори ( Тон, )
1965: Рудник „Дамјан“ – Радовиш ( Тон, )
1966: Темели на солидарноста ( Тон, )
1966: Премонтажа ( Тон, )
1966: Град на две води ( Тон, )
1966: Венчавка на една фотографија ( Тон, )
1966: Не ( Тон, )
1967: Каде по дождот ( Тон, )
1967: Мементо ( Тон, )
1967: Тито во железарницата „Скопје“ ( Тон, )
1967: Тито во Охрид ( Тон, )
1967: На охридските извори ( Тон, )
1967: Лето господово ( Тон, )
1968: Планината на гневот ( Тон, )
1968: Вирово ( Тон, )
1969: И водите на Вардар ќе бидат скротени… ( Тон, )
1969: ЗИК Пелагонија ( Тон, )
1969: Еден летен ден во Охрид ( Тон, )
1969: Претседателот Тито во посета на ЗИК „Пелагонија“ ( Тон, )
1969: Magna Carta Libertatum (Документи за и против нашето време) ( Тон, )
1969: Темно огледало ( Тон, )
1969: Очи ( Тон, )
1970: Цената на градот ( Тон, Монтажа на тон, )
1970: Крсте Петков Мисирков ( Тон, )
1970: Кирил и Методиј ( Тон, )
1970: Празник ( Тон, )
1970: Рудник „Тајмиште“ Кичево ( Тон, )
1970: Човекот во црно ( Тон, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Тон, )
1971: Жед ( Тон, Монтажа на тон, )
1971: Тапанџии ( Тон, )
1971: Рудник Демир Хисар – Сопотница ( Тон, )
1971: Поле ( Тон, )
1972: Светлините на градот ( Тон, )
1973: Татко (Колнати сме, Ирина) ( Тон, Монтажа на тон, )
1973: 99 ( Тон, Монтажа на тон, )
1974: Скопски железнички јазол ( Тон, )
1974: Sic Transit Gloria Mundi / Хераклеа ( Тон, )
1974: Сто години железници во Македонија ( Тон, )
1976: Еугенио Монтале ( Тон, )
1976: Австралија, Австралија ( Тон, Монтажа на тон, )
1976: Шестиот играч ( Тон, )
1976: Вранештица ( Тон, )
1976: Денес треба нешто да се случи ( Тон, )
1977: Адам (5 до 12) ( Тон, Монтажа на тон, )
1977: Исправи се, Делфина ( Тон, Монтажа на тон, )
1977: Јас, Блага Мицанова ( Тон, )
1977: Концерт мајстор ( Тон, )
1977: Град херој – Прилеп и Прилепско во НОВ ( Тон, Монтажа на тон, )
1977: Матуранти ( Тон, Монтажа на тон, )
1977: Фаулбал ( Тон, )
1977: Никола Мартиноски ( Тон, )
1977: Очите мора да гледаат а срцето спие ( Тон, )
1977: Фабрика за акумулатори „Злетово“ ( Тон, )
1978: Отпор ( Тон, Монтажа на тон, )
1978: Растење ( Монтажа, Тон, )
1978: Побрзај, полека ( Тон, )
1978: Угич ( Тон, Монтажа на тон, )
1978: Подмолна сила ( Тон, )
1978: Среќна Нова година ( Тон, Монтажа на тон, )
1978: Лето Господово ( Тон, Монтажа на тон, )
1978: Железниот преграб ( Тон, Монтажа на тон, )
1978: Дупчачи ( Тон, Монтажа на тон, )
1979: Луда птица ( Тон, Монтажа на тон, )
1979: Бакнеж ( Тон, Монтажа на тон, )
1979: Голгота ( Тон, Монтажа на тон, )
1979: Икар ( Тон, )
1979: Дае ( Тон, Монтажа на тон, )
1980: Хомо догматикус ( Тон, )
1980: Шоу ( Монтажа, Тон, )
1980: Време, води ( Тон, )
1980: Кога ( Тон, Монтажа на тон, )
1980: Крвта на морето (сунѓер) ( Тон, )
1980: Најдрагиот учител ( Тон, )
1981: Во посета на Преспа… Струга… Охрид… ( Тон, )
1981: ХЕ Маврово ( Тон, )
1982: Афирмација ( Тон, )
1982: Чистач ( Тон, )
1982: Демагог ( Тон, Монтажа на тон, )
1982: Љубовна приказна ( Тон, )
1982: Јужна патека ( Тон, Монтажа на тон, )
1982: Ткаачки ( Тон, )
1982: Снимка за историјата ( Тон, Монтажа на тон, )
1982: БОПС ( Тон, )
1982: Опасноста се заканува ( Тон, )
1982: Студенчица ( Тон, )
1982: Мистериозниот предмет ( Тон, )
1982: Полноќно сонце ( Тон, )
1983: Отворен колосек ( Тон, Монтажа на тон, )
1984: Нели ти реков ( Тон, Монтажа на тон, )
1984: Хуаскаран – Анди ’82 ( Тон, )
1984: Тунел ( Тон, )
1984: Гостивар вчера и денес ( Тон, )
1985: А ( Тон, )
1985: Epur si muove (Сепак се движи) ( Монтажа, Тон, )
1985: Јазол ( Монтажа на тон, )
1985: Полноќни танцувачи ( Тон, )
1986: Тоа е мојот живот ( Тон, Монтажа на тон, )
1986: Два букета рајско цвеќе ( Монтажа на тон, )
1987: Хај-фај ( Тон, Монтажа на тон, )
1987: Тетово низ историјата и денес ( Тон, Монтажа на тон, )
1988: Леонардо – прошетка ( Тон, Монтажа на тон, )
1988: Леонардо – настинка ( Тон, Монтажа на тон, )
1988: Леонардо – творец ( Тон, Монтажа на тон, )
1988: Викенд на мртовци ( Тон, )
1988: Сизиф ( Тон, )
1989: Нерези ( Тон, Монтажа на тон, )
1989: Да се остави трага ( Тон, )
1990: Рибите на Охридското Езеро ( Тон, Монтажа на тон, )
1993: Македонска сага ( Тон, Монтажа на тон, )
1993: Светло сиво / Ѓавол во срцето ( Тон, )
1993: Светло сиво / Прекрасен свет ( Тон, )
1993: Светло сиво / Птицата Урубу и девица ( Тон, )
1994: Чарли Паркер – љубов моја ( Тон, Монтажа на тон, )
1995: Крај ( Тон, )
1997: Преку езерото ( Соработник, )
1998: In Continuo ( Тон, )
