21 Јануари (среда) 18:00
VANISHED by Arben Tachi / North Macedonia/Kosovo/Albania/ Fiction / 2021 / 100′
ИСЧЕЗНАТИОТ на Арбен Тачи / Македонија, Косово, Албанија / 2021 / 100 мин.
21 Јануари (среда) 20:00
ПОМЕЃУ БОГОВИТЕ на Вук Ршумовиќ / Србија / 102 мин.
DWELLING AMONG THE GODS by Vuk Rsumovic / Serbia / 102 min.
Млада Авганистанка доаѓа во Белград во пикот на мигрантскиот бран. Нејзината борба започнува кога дознава дека нејзиниот помлад брат се удавил во реката таму, и е решена да го погреба под неговото целосно име.
Фестивали и НАГРАДИ
Сараево Филм Фестивал, Котбус фестивал

22 Јануари (четврток) 18:00
ТАКВА КАКВА ШТО СУМ на Даг Јохан Хагеруд
НОРВЕШКА / 2012 / ДСП / 118 мин. / Јазик: Норвешки, Турски, Англиски
I BELONG by Dag Johan Hagerud
NORWAY / 2012 / DCP / Colour / 118’ / Norwegian; Turkish, English
Дебитантскиот филм на Даг Јохан Хаугеруд е топла и разиграна трагикомедија за луѓе кои сите до еден имаат добри намери, но на крајот се повредуваат еден со друг. Медицинска сестра е под лупа на своето работно место затоа што преминува на англиски јазик кога станува нервозна. Преведувач го компромитира својот интегритет кога е убедена да преведе книга во која не верува. Постара жена и нејзината ќерка се понижени кога им се нуди огромна сума пари како подарок од роднина. Жените од трите приказни се лесно поврзани, свесни дека сè оди точно како што треба, но се чувствува дека нешто не е нормално. ТАКВА КАКВА ШТО СУМ истражува што се случува кога луѓето престануваат да се однесуваат како што треба и прикажува секојдневни ситуации кои изгледаат како да се од мала важност за една личност, но можат да бидат од катастрофални размери за други.

22 Јануари (четврток) 20:00
СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО ГАЗА на Араб Насер и Тарзан Насер / Франција, Палестина, Германија, Португалија / 2025 / 90мин.
ONCE UPON A TIME IN GAZA by Arab NASSER and Tarzan NASSER / France, Palestine, Germany, Portugal / 2025 / 90min.
Газа, 2007 година. Јахја, млад студент, се спријателува со Осама, харизматичен сопственик на ресторан со големо срце. Заедно, тие почнуваат да продаваат дрога додека доставуваат сендвичи со фалафел, но наскоро се принудени да се справат со корумпиран полицаец и неговото преголемо его…
Фестивали и НАГРАДИ
За првпат во историјата еден Палестински филм ја добива една од најпрестижните награди во светот “ЗЛАТНА ПАЛМА“ на Кан, за програмата Извесен поглед.

22 Јануари (четврток) 22:00
ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА на Драган Бјелогрлиќ / 2h / СРБИЈА, ЦРНА ГОРА, СЛОВЕНИЈА, МАКЕДОНИЈА / 2023
ČUVARI FORMULE/GUARDIANS OF THE FORMULA / 2h / SERBIA, MONTENEGRO, SLOVENIA, MACEDONIA / 2023
Во октомври 1958 година, во екот на кризата од Студената војна, група на комунистички научници од Институтот Винча Во Србија, спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложуваат на смртоносна доза на радиоактивно зрачење од ураниум, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во клиниката Кири во Париз.
Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека нивните денови се избројани. Иако професорот Мате целиот свој живот го има посветено на борбата против нуклеарното оружје и длабоко го презира проектот на кој работеле југословенските научници, тој предлага за прв пат во историјата да се спроведе деликатна и неизвесна интервенција за замена на коскената срцевина на озрачените пациенти.
Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или навистина сака да им помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.
Засновано на вистинска приказна.
Фестивали и награди: 8.МФФ КИНЕНОВА – ГРАН ПРИ за најдобар филм на фестивалот; 77. Локарно ИФФ – Добитник на наградите: Пардо Верде Рикола-Зелен Леопард и Варајети награда Piazza Grande; Награда од публика за најдобар филм на Сарајево Филм Фестивал 2023.

23 Јануари (петок) 18:00
ТАТКО / Србија / 2020 / 2ч.
OTAC/FATHER / Serbia / 2020 / 2h
Режија: Срдан Голубовиќ
Сценарио: С. Голубовиќ, С. Кољевиќ, О. Свиличиќ
Улоги: Горан Богдан, Борис Исаковиќ, Нада Шаргин, Милоца Јаневски
Потресна сторија за еден работник којшто е приморан да се одрече од своите деца по одлука на социјалната служба.Наскоро тој тргнува на едно мачно патешествие низ Србија за повторно да го стекне правото на старателство за своите две деца. Ова е филм за еден татко кој ќе направи се за да си ги врати децата покрај себе, во време кога неговата сопруга е хоспитализирана.

23 Јануари (петок) 20:30
ИЗГУБЕНИОТ СОН НА ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ДРИМ ТИМ на Јуре Павловиќ / Хрватска, Србија, Словенија, Италија / 2025 / 85мин.
Играат: Владе Дивац, Јуре Здовц, Жарко Паспаљ, Дино Раџа, Зоран Јовановиќ, Тони Кукоч и други
Приказна за југословенската кошаркарска репрезентација која го освои златниот медал на Европското првенство во 1991 година. Легендарните кошаркари стоеја на подиумот и гледаа како се крева знамето на нивната тогашна земја Југославија – направија сè за слава на земјата која вушност престана да постои три дена претходно.

24 Јануари (петок) 18:00
СРЕЌЕН на Сандеп Кумар / Австрија / 2025 / 110мин.
HAPPY by Sandeep Kumar / Austria / 2025 / 110min.
Дејството се случува во Австрија и раскажува приказна за непријавен индиски мигрант, кој се бори со последиците од известувањето за депортација, за да пронајде среќа во животот за себе и за својата ќерка. Филмот повлекува паралела и ја разоткрива истата желба за среќа кај оние што ги среќава, а кои се чини дека имаат сè.

24 Јануари (петок) 20:00
ПАНОПТИКОН на Георге Сикарулидзе / Грузија/Франција/Италија/Романија / 95мин.
Улоги: Дата Шакуа, Малказ Абуладзе, Ија Сукиташвили, Вако Кеделадзе
PANOPTICON by George Sikharulidze / Georgia, France, Italy, Romania / 95min.
Откако татко му го напушта за да стане православен монах, Сандро се бори да ја усогласи својата должност кон Бога и неговата пробудена сексуалност, што се манифестира на неконтролирани начини и го води кон сомнително однесување, додека бара смисла и припадност во турбулентното општество на постсоветска Грузија.
Приказната не е важна само за грузиското општество денес, туку е релевантна и за многу други земји во моментов. Силни струи на национализам, фашизам и верска нетолеранција кон сè што е различно се појавија на многу места, а сепак имаме тенденција да заборавиме дека најголемите ефекти од ваквите движења може да се видат кај тинејџерите, бидејќи ова е таа ранлива возраст кога се обликува личноста на поединецот.
Фестивали и НАГРАДИ
ГРАН ПРИ на МФФ КИНЕНОВА 2025 за најдобар филм на фестивалот, Интернационален филмски фестивал Карлови вари 2024 (Специјална награда на Екуменското жири), Азиско-Пацифички филмски фестивал 2024 (Најдобар нов актер), Медитерански филмски фестивал Монпеље 2024 (Најдобар филм)

