Проекција во првото соларно кино во Кинотеката

На 22 ноември (понеделник) со почеток во 12 ч. во Кинотека ќе се одржи првата филмска проекција во соларно кино во Скопје. Овој настан го организира еколошкото здружение „Гоу Грин“, а е во рамки на проектот „Соларни кина“, којшто е поддржан од Француската амбасада во Скопје.

За влез во соларното кино ќе биде неопходно посетителите да донесат предмет што се рециклира, а за таа цел ќе биде поставена најновата иновација на „Гоу Грин“ – мобилна станица за селекција на отпад.

Овој настан своевидно го означува и почетокот на Европската недела за намалување на отпадот 20-28 ноември (EU Waste Reduction Week).

Во рамките на овој настан, ќе се организира и презентација на еко-иновацијата: покрај тоа што служи за селекција на отпад, оваа мобилна станица има соларни панели за производство на струја.

Мобилната станица нуди селекција на осум типа на отпад и тоа: пластика, хартија, стакло, текстил, батерии и лименки.

 

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.