Промоција на книга “Гледна точка” на Јани Бојаџи

На 21ви Јануари (вторник) со почеток од 19 часот, во Кинотека на Македонија, ве покануваме на промоција на книгата „Гледна точка“ на авторот Јани Бојаџи, македонски режисер, продуцент и сценарист.
Уметници и љубители на уметноста и филмот!

Дојдете да се дружиме заедно на овој настан кој пред се ќе биде од забавен и интерактивен карактер со можност за прашања и одговори од публиката кон авторот.
,,Дали навистина сум таков во текот на работа на сет или пак можеби не сосема? Со нетрпение чекам да видам дали е така како што сум пишувал?’’ ,вели Бојаџи во најавата за промоцијата на книгата.
Водител на настанот ќе биде Александар Русјаков, а искуства ќе споделат и неколку актери, директори на фотографија и монтажери, соработници на Бојаџи.
Авторот најавува и специјално изненадување за сите кои ќе дојдат на промоцијата и ќе бидат дел од забавата. Ќе биде покажан трејлер од долгочекуваниот нов проект „Утре наутро“!
По промоција на книгата, во 20 часот ве покануваме на коктел забава во Кинотека.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.