Серија проекции на грчки филмови „АЈДЕ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ“

29 АПРИЛ (ВТОРНИК) 19:00 ч.

СЕРИЈА ПРОЕКЦИИ НА ГРЧКИ ФИЛМОВИ „АЈДЕ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ“ ОД АМБАСАДАТА НА ГРЦИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

„НЕВЕСТИ“

Игран филм, Грција

2004 година, боја, DCP 4K дигитално реставрирана копија

Режија: Панделис Вулгарис

Сценарио: Јоана Каристиани

Директор на фотографија: Јоргос Арванитис

Улоги: Демијан Луис, Викторија Харалабиду, Андреа Фереол, Еви Саулиду, Димитрис Каталифос, Евелина Папулиа, Стивен Беркоф

Амбасадата на Грција во Северна Македонија ја продолжува успешната серија проекции на грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“, овој пат претставувајќи гопрепознатливиот грчки филм „Невести“, во режија на Панделис Вулгарис (2004). Целта на проекциите е да се претстават современи грчки филмови кои беа многу сакани од публиката и од критичарите.
Филмот „Невести“ е романтична драма и претставува прв заеднички кинематографски проект на еден од најзначајните грчки режисери кои го формираа трендот на Новата Грчка Кинематографија Панделис Вулгарис и познатата грчка писателка Јоана Каристиани и Мартин Скорсезе како извршен продуцент на филмот. Филмот беше еден од филмовите со најголема заработка во историјата на грчката кинематографија и освои 10 награди на Меѓународниот филмски фестивал во Тесалоники.

Кратка содржина

„Невести“ е филм за силни емоции, дилеми и одговорни избори. Сместен во 1922 година, филмот го следи патувањето на 700 невести, кои се упатуваат на бродот SS King Alexander на пат кон Њујорк, каде што ќе се сретнат со мажите за кои нивните семејства договориле да се венчаат. Сите во своите куфери носат фотографија од непознат младоженец и венчаница. Ники, една од невестите, и Норман Харис, американски фотограф, ќе се вљубат еден во друг.

Влезот е бесплатен.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.