1896

Како и повеќе земји во светот, со оглед на тоа што првата јавна филмска проекција е изведена на крајот на годината, имено на 28 декември – и Македонија се наоѓа во предисторијата на филмот. Кај нас веќе се познати и се практикуваат извесни технички пронајдоци, пред сe фотографијата, а потем и илузионистички претстави, со чија синтеза ќе настане медиумот на живите слики. Првите филмски сниматели и во светот и кај нас биле фотографи. Тие освен што ја познавале технологијата на снимањето и развивањето, исто така, владееле и со вештината на кадрирањето.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.