1896

Филмските проекции стасуваат на Балканот. Чудните „живи слики“ на браќата Лимиер, патувачки кина ги прикажувале во Белград и Букурешт. За нивниот престој, за репертоарот и фасцинираноста на публиката од подвижните слики, има записи во тогашниот печат и во друга документација. Постојат индиции дека во рамките на Балканската турнеја претставниците на Лимиерови ја посетиле и Софија. Македонија тогаш се наоѓала во состав на Отоманската империја, но, бидејќи следната година и кај нас стасале патувачки кина, границите не биле затворени за продорот на филмот и во Македонија.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.