1897

Почетоците на киноприкажувачката дејност во Македонија се обвиени со таинственост. Првата филмска проекција не може да се датира од примарни историски извори – пишувани документи. За неа постојат само сеќавања. Според сведоштвото на современикот Лазо Сачев (забележано од Милош Хр. Константинов) неидентификувана брачна двојка од Италија прикажувала краткометражни филмови од француско производство, во некој од битолските хотели. Нивниот престој во Битола бил привремен, бидејќи биле патувачки киноприкажувачи.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.