1906

Браќата Манаки, со серија свои фотографии, учествуваат на големата светска фотоизложба во Букурешт каде што го добиваат златниот медал, како и титулата дворски фотографи на романскиот крал Карол I. Како резултат на овие почести Јанаки Манаки добива еден вид стипендија за специјализација и престој во повеќе европски метрополи (Виена, Лондон, Париз).

На територијата на Македонија се регистрирани гостувањата на неколку патувачки кина. Во Битола, во хотелот „Шарк“ филмски проекции одржувало патувачкото кино на Италијанецот Пјетро Чинези, а првите филмски проекции во Скопје ги одржало, исто така, едно патувачко кино во салата на Турскиот театар.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.