1907

Браќата Манаки, покрај вообичаената фотографска дејност, продолжуваат и со снимателската активност. Забележани остануваат поголем број панаѓури, свадби и верски обреди.

Милан Голубовски започнал да одржува филмски проекции во Скопје, во салата на хотелот „Англетер“, (подоцнежен „Париз“). Со својот мал проекционен апарат, што го набавил во Виена, тој гостувал и во куќите на угледни скопски семејства, а одржувал проекции и во други населени места во Македонија и Албанија. Со оваа дејност престанал да се занимава во 1909 година, по пожарот во „Англетер“ предизвикан од запаливата филмска лента.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.