1909

Во Велес се одржани првите филмски проекции во кафеаната на Трајко Иванов, што, во оваа и во наредните две години, ги организирал велешанецот Арсо Петров Картов со проектор набавен од Германија. Во Битола, пак, Ташко и Коста Чому ја закупиле салата на Битолскиот театар и таму започнале да одржуваат филмски проекции. Регистрирани се и гостувања на повеќе подвижни кина во театарската зграда во Скопје, чиј репертоар бил рекламиран во тогашниот дневен печат. Едно такво патувачко кино гостувало и во Дебар и така дебарчани за првпат виделе подвижни слики.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.