Балканските војни пак се во центарот на вниманието на филмските сниматели. Во Втората балканска војна, освен странските, се вклучуваат и филмски репортери ангажирани од завојуваните држави. Тие, покрај ретките борбени дејствија, ќе снимат повеќе филмски записи за новоосвоените, односно реокупирани македонски предели, притоа именувајќи ги како „српски“, „бугарски“ или „грчки“, во зависност од тоа за чија окупациона зона од Македонија станувало збор.
Според мислењето на истражувачите, најуспешниот филм од тој период „Под митралески оган“ го снимил германскиот документарист Исидор Роберт Швобталер (Isidor Robert Schwobthaler) за британскиот продуцент Чери Киртон (Cherry Kearton), а на поттик на грчкиот крал.