1920

Забележан е сe поголем интерес за киноприкажувачката дејност. Така, во Битола Лазар Сорчев отвора кино во својата кафеана, а на 20 април проработило и постојаното кино „Белград“ на Атанас Пема кое било сместено во Битолскиот градски театар. Во Скопје редовни проекции започнале да се одржуваат во кафеаната „Зрински“, а повремени во кафеаните „Париз“ (поранешен „Англетер“) и „Палас“. Во Штип, хотелиерот Сава Тодоровиќ отвора постојано кино во својот хотел „Гранд“.

Интересна е појавата на Трифун Хаџијанев од Воден. Имено, тој подолго време престојувал во Америка, поточно во Холивуд, каде работел како мајстор во изведба на сценографијата во многубројни филмски проекти и бил член на Синдикатот на филмските работници на Холивуд. Во 1918 година се вратил во Воден и, инфициран од филмската магија, започнал со изградба на кино. Во 1920 година започнала работата на ова кино, наречено „Вермион“, за чиј репертоар биле набавувани филмови од Солун.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.