Јанаки и Милтон Манаки во Битола на 26 август ја одржале првата филмска проекција во летната бавча на своето кино „Манаки“, сместена во дворното место на разрушениот хотел „Ројал“. Две години подоцна киното се преселило во зграда изградена специјално за таа намена. Во Скопје, пак, на 9 јуни, хотелиерот Властимир Милкиќ ја организирал првата филмска проекција на своето кино „Балкан“ во летната бавча на својот истоимен хотел. Во Куманово, во кафеаната „Палас“ гостувало подвижно кино, а истата година започнало да работи киното „Едисон“ во репрезентативна зграда со киносала. Оваа кино работело до 1929 година.
На страниците на весникот „Стара Србија“, што излегувал во Скопје, се појавиле серија коментари за секојдневјето на скопските кина, за публиката и осврти за репертоарот.