Аида

Република Македонија 2018 20.34 мин Колор Звук драма Краток игран филм Дигитална технологија

Приказна за Арбон, тинејџер, кој се вљубува во убавата Аида.
Арбон за време на училишниот распуст работи кај татко му во вулканизерска работилница. Во нивното соседство доаѓа Аида. Таа работи како продавачка во продавницата, веднаш наспроти вулканизерот. Арбон секоја прилика ја користи да оди до продавничката, да раситни пари или да купи цигари за татко му. Тој е љубоморен на пекарот кој доаѓа секое утро и врши достава на леб и подолго се задржува внатре флертувајќи со Аида.
Една ноќ, Арбон го забележува татка си како излегува надвор. Тоа се повторува секоја ноќ. Арбон се сомнева дека татко му оди да се гледа со Аида. Кога го прашува каде оди, татко му вели дека е тајна која ќе му ја довери за доброто на бизнисот. Имено татко му излегува ноќе и фрла шајки по улицата за да имаат повеќе работа. Повеќе дупнати гуми повеќе пари. На Арбон му доаѓа идеја и тој да фрла шајки на улицата каде работи Аида. Целта му беше да ги дупне гумите на пекарот. Неговиот план не успева. Место пекарот настрада татко му.

Напишано од Лидија Кировска

Асистент на режија Идризи Леотрим
Директор на фотографија Јанкулоски Роберт
Монтажа Дулев Блаже
Продуцент Абдули Сенад
Директор на филм Али Сабидин
Костимографија Абдули Шерифе
Светло Јанев Васил
Сценографија Бејтула Невзет – Кица

Настапуваат: Сенад Абдули, Вулнет Кучи, Нејла Абдули, Елмир Сејфулаи, Сами Мустафи, Баким Бакиу

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.