Ах

Р. Македонија 2016 9 мин Колор Звук Аматерски филм Дигитална технологија

Докумантарен филм за Саат кулата во Прилеп. Кулата е висока 38,76 м. Изградена е од масивни камени блокови, во 1858 година, од мајстор Петре Лауцо. На дното има чешма изградена од Саид Ага и испишан текст со арапски букви, „За животот и времето што поминува, саатот жали и вика „Ах“. Саатот што е поставен на кулата , е донесен од Грац и за негово одржување е задолжен Димитар Цуцуроски. Тој раскажува за саатот, како успеал да го поправи, како го навива и го подмачкува. Дограмаџијата Иљо Јовановски, раскажува за градбата на Саат кулата, која со векови е преправана. Била кратена за време на турско, за да не биде повисока од џамијата. На врвот прво имало крст, патоа петокрака а сега повторно крст. Саат кулата е културно-историско одбележје на градот Прилеп и со векови гордост на прилепчани.

Наратор — Игор Тасевски
2016, 24-ти ФАДФ „Камера 300“

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.