Белиот водопад во четири годишни времиња

Р. Македонија 2003 30 мин Колор Звук репортажа ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија за Смоларскиот водопад, сместен на северните падини на планината Беласица, во близина на селото Смоларе. До „белиот“ водопад се стигнува по долниот тек на реката Ломница. Реката го добила името по тоа што во текот на цела година е полна со вода и „ломи“ се пред себе. Некогаш на реката биле активни 11 воденици, а денес работат само две. Прикажан е Смоларскиот бел водопад како изгледа во текот на цела година, односно во сите четири годишни времиња.

Други соработници : камера — „Ловечко око“ музичка илустрација — Љупчо Мирковски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.