Приказна на писателката Регина Икономовска, за тоа како ја создава својата книга „Брод со бисери“. Таа пишува книга за љубовта. Патува и истражува за љубовта на историски личности во Турција и Македонија. Приказната за филмот ја движи главната личност, Регина, инспирирана од „специјален подарок“, стаклен сувенир од „Момина кула“ на Босфорот, која заминува за Истанбул за да истражува и пишува за скриената историја.
Регина од Скопје оди во Истабул и шетајќи се низ градот, нè води низ љубовната врска меѓу принцезата Михрима (ќерка на Сулејман Величествениот) и познатиот архитект Синан Ага. Таа ги посетува познатите градби што ги изградил архитектот, инспирирани од принцезата. Во Скопје со пријателката Василка, ги посетува Старата чаршија и музеите. Повторно тема е љубовта. Со Николина се упатува кон Тетово. Истржувајќи за љубовта на убавата Фатима, ги посетуваат: Шарената џамија, Мостот на љубовта и Теќето. Во Битола, приказната е за забранетата љубов на Елени Каринте и Мустафа Ататурк. Во Охрид, Регина не запознава со митот за спартанската кралица Леда, за Лихнида и Биљана. Овие приказни собрани од место до место, Регина ги преточува во книгата „Брод со бисери“.
Напишано од Лидија Кировска
Останати соработници : Асистент на монтажа: Игор Наумов Извршен продуцент: Фатос Лумани Музика: Адис Исмаили Наратори: Регина Икономовска и Александар Зиков Учествуваат: Регина Икономовска, Предраг Икономовски, Василка Димитровска, Николина Василевска