Бугарско дело – Кино преглед бр. 13/41

Бугарија 1941 1,40 мин Звук репортажа Журнал

Прилог 3 – ИГРАОРНА ГРУПА ОД СЕЛО РАШТАК, СКОПСКО, ВО ПОСЕТА НА СОФИЈА
Репортажа со нарација во оф-тон, со минимален текст што го чита спикерка, за посетата на членовите на играорното друштво од село Раштак, Скопско, на Софија.
Репортажата е целосно реализирана во Софија, доцната пролет или летото 1941 година. Покрај гласот на нараторката, во оф-тон се слуша и соодветна инструментална народна композиција, отсвирена на зурли и тапани, што ја придружува целата репортажа.

Напишано од д-р Атанас Чупоски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.