Прилог 2 – ПРЕЧЕК НА БУГАРСКАТА ВОЈСКА ВО ОХРИД
Репортажа со нарација во оф-тон, со текст што го чита спикер, за влегувањето и пречекот на бугарската војска во Охрид, на 24 април 1941 година и официјалното предавање на градот од германската на бугарската власт.
Атмосферата на настанот е претставена преку повеќе тотали снимени на градскиот плоштад во кои се гледа мноштво народ построен по рабовите на плоштадот, и повеќемина германски и бугарски офицери, како и претставници на цивилната власт со отворени чадори в раце, меѓу кои може да се забележи и новоназначениот бугарски кмет (градоначалник) на Охрид – адвокатот Илија Коцарев, подготвени за пречек на војската, што го потврдува и нараторот: „многуилјаден народ во очекување на славната народна војска“.
Репортажата е целосно реализирана во Охрид, на 24 април 1941 година. Покрај гласот на нараторот, во оф-тон се слуша и воена музика.
Напишано од д-р Атанас Чупоски