Бугарско дело – Кино преглед бр. 51/42

Бугарија 1942 1.33 мин Звук репортажа Журнал

Прилог 5 – КРАЈ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО СКОПЈЕ
Репортажа со нарација во оф-тон, реализирана во јуни 1942 г., за прославата на крајот на учебната година во едно основно училиште во Скопје. Покрај гласот на нараторот, во оф-тон се слуша соодветна класична музика, соодветна воена музика како и традиционална македонска народна музика отсвирена на хармоника од еден од протагонистите, меѓу кои и песната „Оптан, топтан“. Тонската шпалта е сосема малку оштетена на почетокот и недостасува првиот збор што го изговара нараторот.

Напишано од д-р Атанас Чупоски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.