Прилог 2 – ГОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА НА ГЕРМАНСКИТЕ ВОЕНИ ГРОБИШТА (ВО ПЕТРИЧКО)
Репортажа со нарација во оф-тон, со текст што го чита спикер, за гости од Македонија (најверојатно членови на играорното друштво „Борис Дрангов“ од Скопје, за чија посета на Софија се зборува во следниот прилог), кои одат во посета на воените гробишта (речиси извесно во селото Марино Поле, Петричко, каде што има германски воени гробишта, на војници загинати при нападот на Југославија и Грција), доцната пролет или летото 1941 година.
Репортажата е целосно реализирана на германските воени гробишта (најверојатно во селото Марино Поле, Петричко), доцната пролет или летото 1941 година. Покрај гласот на нараторот, во оф-тон се слуша и соодветна класична музика инспирирана од православната литургиска музика.
Напишано од д-р Атанас Чупоски