Дебарски ковачи

Р. Македонија 2003 30 мин Колор Звук репортажа ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија за ковачкиот занает во Дебар. Еден од најстарите занаети во Македонија, популарен со векови помеѓу ромската популација. Дебарските ковачи се познати уште од турско време, кога биле над 30 на број. Нивната популарност не опаднала ни пред Балканските војни кога дебарската чаршија била споредувана со скопската. Денес во Дебар со ковачкиот занает се занимаваат само две семејства: Пиличи и Мустафаи. Членовите на овие семејства зборуваат за ковачкиот занает. Иако нема голема заработка, работат со љубов и ја пренесуваат традицијата на следните генерации.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.