Документарно-образовна програма во две епизоди, посветена на физичкото здравје на децата од предучилишна возраст. Друштвото за гимнастички спорт „Партизан“ од Штип, со своја програма учествува во спортските активности на децата од градинките „Астибо“ од Штип. Следени од медицински лица од медицинскиот центар „Панче Караѓозов“ од Штип. Тие со заеднички сили се залагаат за подобрување на здравјето на децата. На оваа тема зборуваат: Методи Петров, професионален тренер и Дончо Ѓорѓиев, лекар по општа медицина. Во втората епизода за спортувањето на децата зборуваат: Гонца Шуманска, раководител на детската градинка „Сончогледи“ и Лазар Петров, тениски тренер.
Други соработници : текстото го читаше –Трајан Ристовски