Европски приказни – Кристијанија

Република Северна Македонија 2023 51 мин Колор Звук репортажа Документарен филм Дигитална технологија

Патеписна репортажа за Кристијанија, автономна зона во Копенхаген, Данска. На местото на некогашната воена база, во почетокот на седумдесетите години, создадена е населба во која владеат сопствени правила на живеење и однесување. Во Кристијанија е забрането: насилството, користење на тешки дроги, носење оружје, крадење, користење пиротехника и возење автомобили. Улиците се со несекојдневни имиња, како: „Сина карамела“, „Зелена улица“, „Улица на дилерите“, „Долга улица“ и сл. Жителите користат точак со корпа, како превозно средство. Новинарот Борјан Јовановски нè води низ Кристијанија, преку разговори со нејзините жители. Домаќин на ова патување е Џокер, како и Хулде Мејда, од упрвата на Кристијанија, Оле Висинг, Магензи Рисенга и др. Кристијанија е главна туристичка атракција во Копенхаген. Таму по улиците се продаваат хашиш и канабис, секоја индивидуа е одговорна за благосостојбата на заедницата. Се живее како во седумдесетите години за време на хипи движењето.

Напишано од Лидија Кировска

Асистент на монтажа Марков Благојче, Талевски Јованчо
Директор на фотографија Кочишки Петар
Монтажа Ѓоковиќ Марко
Организатор на снимање Крајчевски Дејан

Други соработници: Асистент на продукција: Барбара Петруловска Кординатор на продукција: Ана Пејова Кординатор на пост-продукција: Искра Ежова Финансиски координатор: Јулијана Даскалов Преведувач: Силвана Јовановска
Користени архивски снимки од Македонска Радио Телевизија Подржано од Агенција за филм на Р.С.Македонија Серијалот е посветен на Горјан Тозија

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.