Зад темнината

Р. Македонија 2007 30 мин Колор Звук психолошки Краток игран филм Дигитална технологија

Во оваа психолошка драма станува збор за внатрешен страв на еден студент кој живее сам во голема куќа, додека неговите родители работат во странство. Нормалниот ритам на неговиот живот е нарушен. Тој не може да спие ноќе, поради стравот од непрепознатливи звуци во неговата куќа. Неговиот соученик најнапред се обидува да го смири, но потоа ја сфаќа сериозно неговата состојба како страв од темнина, што ја прави водечката улога поопседната од она што го крие темнината. За да не биде заложник на потсвеста решава да се ослободи од непријателот. Проблемот на главниот јунак на овој филм не е во присуство на некој во неговата куќа каде што живее сам, туку во отсуство на сите.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Режија Тачи Арбен
Сценарио Тачи Арбен
Асистент на режија Весели Фадил
Асистент снимател Кардалевски Дуле
Директор на фотографија Самоиловски Владимир
Костимографија Кики Афердита
Монтажа Весели Фадил
Продуцент Селмани Сабедин
Сценографија Халими Нора
Асистент на монтажа Тачи Арбен

2008, Филм Фестивал, Приштина, Косово, Награда за најдобра монтажа

Други соработници : извршен продуцент — Мирсад Исеини менаџер на сет — Метин Муареми ас. на постпродукција — Мирсад Исеини постпродукциски супервизор — Сабедин Селмани реквизитер — Шпетим Ахмети шминка — Авди Била филмски фотограф — Флорим Цека фар-мајстор — Маријан Спасовски ас. на фар-мајстор — Трајче Василев оператор на доли/кран — Ненад Пејиќ и Златко Димевски сториборд — Бурим Муареми
Деца: Шкелким Јахиу, Насир Реџепи, Јатмир Алији, Дрилон Абдулхалими
Филмот е поддржан од Агенција за филм на Република Македонија

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.