Иларија

Република Македонија 1980 9 мин Колор Звук репортажа Документарен филм

Документарен филм за животот на монахиња Иларија, која служи во манастирот „Св.Троица“ на Косово. Се смета дека манастирот е изграден во 1462 година и припаѓа во Рашко-призренската епархија. Монахињата зборува за своето рано детство. Родена е 1918 година во село Мршејавци, кај Чачак. Се замонашила на 19 години и добива црковно име Иларија (Весела). Таа пишува поезија и го брани манастирот со пушка во рака.

Екипа : Анте Поповски, Вера Бужаровска, Љубе Караѓозовски, Никола Крајчевски
Филмот е обработен од каналот Youtube. Кинотеката поседува само негативи од филмот.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.