Имитација на американски живот

Р. Македонија 2005 4,47 мин Колор краток игран Аматерски филм

Краток игран филм во кој самиот автор, Сидовски, го глуми единствениот лик во филмот. Тој е богат, живее во убава куќа во елитна населба, вози добра кола, има пари, гардероба, но е несреќен. На крајот се самоубива на Скопскота тврдина Кале со зборовите: „Залудно е да си богат, кога не си среќен“. Во филмот преовладуваат крупни кадри и детали кои се повторуваат повеќе пати. Снимени се улиците во Скопје. Посветено е внимание на билбордите низ градот, со кои се рекламираат од продавници за мебел, до филмови и бутици за облека. Неколку повторувачки кадри на воланот од новата колата која ја вози ликот од филмот. Снимен е и ресторанот за брза храна „МекДоналдс“ во центарот на Скопје и панорама на градот од Кале.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.