Филмот е посветен на бегалците од Босна, Косово и Сирија, и воопшто на сите луѓе кои страдале во војните. Во фокусот се жената од Босна, по име Нијаза, албанецот од Косово, Бејтула, и момчето од Сирија по име Јусуф. Со нивните непријатни судбини, нивните искази, перипетии, страдања и емоциите кои еманираат од самите лица, е невозможно да не сочуствуваме. Неслучајно авторот врши интервју токму со овие лица. На Нијаза ѝ починал сопругот а на Бејтула сопругата. Момчето Јусуф не се искушило со губење на член од семејството, туку неговото младо лице е пола изгорено од несреќа при струен удар.
Напишано од Арсим Лесковица
Други соработници : колор — Леотрим Идризи постпродукција (звук) — Дарко Спасовски
Филмот е подржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија