Кафеана

Република Македонија 2013 14 мин Колор Звук Краток игран филм Дигитална технологија

Дејствието на филмот се одвива исклучиво во ентериер на кафеана. Прикажани се животите на тројца редовни посетители на кафеаната, кои се и неженети. Судбините на тројцата се поврзуваат со келнерката Мрика, која кокетира со тројцата мажи. Како антипод на тројцата ергени, се појавува младото момче, наречено со погрден збор „Шмокле“. Неговата појава на крајот на филмот, ја разгатнува идејата на режисерката, дека секогаш постои можност лицето кое не е почитувано и служи за подбив, да заработи многу пари и да стане почитувано, само врз база на стекнатото богатство. Потоа, на виделина излегува и тоа дека некои жени се поитри или го чекаат вистинскиот момент да се поврзат со богати луѓе, наместо со „пропаднати пијаници“. Таков е примерот со младата келнерка по име Веса, која одбира да се дружи со некогашниот „Шмокле“, а сега богат човек.

Напишано од Арсим Љесковица

Филмот е финансиран со средства од Агенција за филм на Република Македонија.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.