Кројачот филмаџија – Јонче Карамитре

Р. Македонија 2015 15 мин Колор Звук Аматерски филм Дигитална технологија

Документарен филм за тројца стружани: Ристо Крле, Ставре Поповски и Јонче Карамитровски. Заедничко на овие истакнат стружани им е занаетчиството и љубовта кон филмот. Преку стари  фотографии и снимки прикажан е градот Струга кон крајот на 19 век. Во оф тон се слуша песната „На Струга дуќан да имам“.
– Ристо Крле е роден 1900 година. Ппокрај чевларскиот занает и пишувањето драмски текстови, тој бил и голем љубител на филмската уметност. Пишувал и за првата филмска проекција во Струга.
– Ставре Поповски е фотограф кој го носи првиот 8мм. кино проектор во  Струга. Тој во својот двор прожектирал филмови за своите сограѓани.
– Јонче Карамитревски е терзија и сопственик на првото приватно кино во Струга, „Александар Велики“. Тој како терзија работел во Албанија и откако се вратил во Струга, целата заштеда ја дал за кино опрема и апаратура. Киното било отворено 1942 година, во стара училишна зграда. Работело, со голема посетеност до 1944 година. Потоа било затворено, за повторно да биде отворено во 1946 год., овојпат во сопственост на државата.

Наратор — Георгија Симјаноски Музика — Струшки бисери
2015, 23-ти ФАДФ „Камера 300“

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.