Куклена претстава во Драмски театар – Скопје

Р. Македонија 1968 документација Аматерски филм

Филмскиот материјал го документира изведувањето на куклената претстава „Златото на кралот Мегамон“ од авторот Јиржи Калиба, поставена на сцената на Драмскиот театар – Скопје на 8 декември 1968 година. Режијата е на Миодраг Шаурек, додека куклите и сценографијата се дело на Таки Павловски. Претставата е придружена со нарација на Нада Гешоска, а техничкиот тим го сочинуваат инсипициентот Ѓурко Стојанов и суфлерката Рада Златковиќ.
Во приказната се појавуваат ликовите: Кралот Мегамон (Славчо Тасевски), Неговиот слуга Мачеј (Димче Мешковски), Селанецот – државјанин (Самоил Дуковски),  Златко – златното човече (Киро Божиновски), Закачко – кралскиот мачор (Видосава Грубач),  Глушецот (Симе Илиев).
Снимените кадри ја прикажуваат сценската атмосфера, визуелниот изглед на куклите и односот со младата публика. Претставата се одликува со креативна естетика и наративен ритам карактеристичен за детскиот куклен театар од тој период.
Овој материјал претставува вреден документ за куклената продукција на Драмскиот театар од доцните шеесетти години, откривајќи еден специфичен театарски израз, насочен кон младата публика.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ

Информациите за претставата се преземени од оригиналниот плакат, кој се наоѓаше во самата филмска кутија, заедно со лентата, што го дополнува и архивскиот карактер на материјалот. Tреба да се залепат кратките парчиња на пикерска маса заедно со филмолог, за да се добие поцелосна слика на филмскиот материјал.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.