Лазарополе

Р. Македонија 3.11 мин документација Аматерски филм

Документарниот филмски материјал ЛАЗАРОПОЛЕ од авторскиот фонд на В. Ачимовиќ нуди автентичен визуелен запис за традиционалните занаети и занаетчиски практики во селото Лазарополе. Во центарот на вниманието е прикажана работата во локалната ткајачница, каде што жените со вештина и прецизност ткаат конци и изработуваат чаршави – сведоштво за живата народна традиција и создавање текстил. Покрај тоа, материјалот го доловува и процесот на производство на кашкавал и сирење, што претставува значаен сегмент од стопанската и гастрономската култура на овој крај.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.