Документарен филм за истакнатиот македонски ликовен уметник Владимир Георгиевски (1942-2017). Во своето атеље, сместено на Градежно-архитектонскиот факултет во Скопје, опкружен со своите многубројни дела, зборува за инспирацијата што ја добивал од шпанскиот писател Сервантес. Георгиевски зборува за портретите кои ги има насликано од значајни луѓе во неговиот живот. Неговото дело, портретот на Достоевски, поставено е во Музејот на Ф.М. Достоевски во Санкт Петербург. Додека, пак, портретот на Дон Кихот, има големо значење и симболика за авторот. Тој евоцира спомени од своето рано детство, поврзани со неговиот дедо, кој бил фурнаџија и му давал голема подршка во цртањето. Во филмот амбасадарот на Шпанија во Македонија и Јордан Плевнеш, поранеше амбасадор, зборуваат за значењето на делата на Георгиевски и за неговата поврзаност со Сервантес.
Напишано од Лидија Кировска
Мајстор на светло: Иво Иванов Камера: Тони Ристовски