Македонските Роми – народни херои и партизани на НОБ

Р. Македонија 30 мин Колор Звук историска репортажа ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарната емисија започнува со поемата „Јама“ од Иван Горан Ковачиќ, во која се зборува за страдањата на народите за време на Втората светска војна. Алишан и Рамиза Хамид, зборуваат за својот татко и чичко, Рамиз и Хамид Хамид, учесници во НОБ, кои ги положија своите млади животи за слободна Македонија. И за тоа колку државата се грижела за децата на паднатите борци. Две училишта во општината Шуто Оризари го носат името на овие истакнати борци. За малтретирањата и понижувањата што ги претрпело Ромското население, како најпонижувана раса, за време на Втората светска војна, говорат сведоци. Тие биле деца пред чии очи се случувале силувања, прогони и омаловажувања врз Ромите.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.